МОЖНОСТИ ЗА РАБОТА

Оглас за ангажирање на експерт за подготовка и реализација на видео материјали за кампања како дел од проектот „Биди ИН, биди инклузивен, биди инклудиран“

Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ го реализира Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ заедно со своите партнери Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хендимак“. Проектот се реализира во соработка со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, а финансиски е поддржан од страна на Европската Унија. Овој проект има за цел да обезбеди целосна и еднаква вклученост на децата со попреченост во редовните основни училишта кои прераснуваат во безбедни средини што се отворени и пристапни за сите деца и посветени на квалитетно образование на децата со разновидни образовни потреби, преку:

  • осмислување и спроведување на програма за стипендирање на ученици со попреченост во почетните одделенија на основното образование;
  • спроведување кампањи за подигање на свеста и активности за промовирање на важноста на инклузивното образование и придобивките од инклузивните средини за учење;
  • градење на капацитетите на наставниците и стручните служби за проактивна инклузија и прилагодена и диференцирана настава;
  • намалување на бариерите за учениците со попреченост и подобрување на пристапноста до и во училиштата;
  • обезбедување туторска поддршка за ученици со попреченост вклучени во редовниот образовен процес.

 

СО ЦЕЛ ДА СЕ ПОДИГНЕ ЈАВНАТА СВЕСТ ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ СО ПОПРЕЧЕНОСТ ВО ОБРАЗОВНИОТ ПРОЦЕС ФОНДАЦИЈАТА ЌЕ СПРОВЕДЕ КАМПАЊА ЗА КОЈА Е ПОТРЕБЕН ЕКСПЕРТ ЗА ПОДГОТОВКА И РЕАЛИЗАЦИЈА НА ВИДЕО МАТЕРИЈАЛИ.

Промотивната кампања има за цел:
- ДА ЈА ЗГОЛЕМИ СВЕСНОСТА за важноста од вклучување на учениците со попреченост во редовните училишта;
- ДА ЈА ИНФОРМИРА и ЕДУЦИРА јавноста за проблемите за општествена вклученост на учениците со попреченост и предизвиците со кои се соочуваат во своето образование;
- ДА ГИ МОТИВИРА родителите на учениците со попреченост нивните деца да посетуваат настава во редовни училишта;
- ДА ИНИЦИРА дебата која на подолг рок би овозможила промена во однесувањето и перцепцијата врзана со овие прашања на општата јавност.

ОПИС НА АНГАЖМАНОТ

1. Подготовка и реализација на 3 видеа (секое видео е со должина од најмногу 30 секунди и во формат за прикажување на ТВ):

  • состаноци со проектниот тим за дефинирање на содржината на видеата;
  • подготовка на визуелниот идентитет на видеото;
  • обезбедување на потребна опрема за снимање и монтирање;
  • снимање на видеата;
  • титлување на видеата;
  • монтажа и продукција на видеата.

2. Подготовка и реализација на 10 „ПРЕД и ПОТОА“ видеа (видеата се наменети за Facebook кампања)

  • состаноци со проектниот тим за дефинирање на содржината на видеата;
  • теренска посета со проектниот тим на училиштата кои ќе бидат предмет на „ПРЕД и ПОТОА“ видеото со цел снимање на направените промени;
  • подготовка на визуелниот идентитет на видеото;
  • обезбедување на потребна опрема за снимање и монтирање;
  • снимање на видеата;
  • монтажа и продукција на видеата.

3. Подготовка и реализација на 15 видеа со пораки поврзани со инклузија (видеата се наменети за Facebook кампања)

  • состаноци со проектниот тим за дефинирање на содржината на видеата;
  • подготовка на визуелниот идентитет на видеото;
  • обезбедување на потребна опрема за снимање и монтирање;
  • снимање на видеата;
  • титлување на видеата;
  • монтажа и продукција на видеата.

 

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА АНГАЖМАНОТ

Подготовка и реализација на 3 видеа за ТВ прикажување- Рок:23 април 2021.

Подготовка и реализација на 10 „ПРЕД и ПОТОА“ видеа- Рок за првите 2 видеа: 1 април 2021. Останатите 8 видеа ќе се снимаат во текот на годината. Рокот за реализација на останатите 8 видеа проектот дополнително ќе ги договори со експертот.

Подготовка и реализација на 15 видеа со пораки поврзани со инклузија- Рок:23 април 2021.                              

КАНДИДАТОТ КОИ СЕ ПРИЈАВУВАА НА ОВОЈ ПОВИК ТРЕБА:

  • да има искуство во подготовка, снимање и продукција на видеа (минимум 10 видеа);
  • да има искуство со реализирање на активности поврзани со образование на ранливи групи и инклузија (минимум 5 активности);
  • да има соодветно образование т.е завршен факултет за драмски, филмски или ликовни уметности;
  • да достави понуда со предлог буџет и предлог план за реализација на предвидените активности. Во предлог буџетот треба да се вкалкулирани трошоците за опрема, за персонален данок и сите други дополнителни трошоци поврзани со снимањето и продукцијата на видеа. Во својата понуда треба да потврди достапност на опремата во дадените рокови.

 

КРИТЕРИУМИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ

  • ЦЕНА (55%)
  • СООДВЕТНО ОБРАЗОВАНИЕ И ИСКУСТВО (45%)

Овој оглас е отворен за сите државјани на Р. С. Македонија кои ги исполнуваат наведените услови. Фондацијата „Чекор по чекор“ не поддржува дискриминација по било која основа.

Ги покануваме заинтересираните кандидати да достават куса професионална биографија, предлог план  и предлог буџет за секоја ставка на: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Предлог буџетот треба да биде изразен во ЕУР, во следниот формат:

Опис

Количина

Единечна цена во ЕУР

Вкупна цена во ЕУР

 

Подготовка и реализација на видеа за ТВ прикажување

3

   

Подготовка и реализација на „ПРЕД и ПОТОА“ видеа

10

   

Подготовка и реализација на видеа со пораки поврзани со инклузија

15

   

ВКУПНО

 

 

Проектот го задржува правото да не избере понудувач доколку процени дека доставените предлози не одговараат во целост со потребите. Проектот исто така го задржува правото, во договор со избраниот понудувач, да ја промени временската динамика, како и да ги модифицира барањата врзани за очекуваните резултати. Проектот го задржува правото да воведе дополнителни разумни критериуми и побара дополнителна документација.

Крајниот рок за доставување на апликациите е 1 март 2021 година,  до 13:00 часот.

PARTNERS

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Надеж EU DIC Биро за развој на образованието