МОЖНОСТИ ЗА СОРАБОТКА

Оглас за ангажирање на Експерт за видливост и комуникација

Проектот ARISE: Акција за намалување на нееднаквостите во образованието преставува четиригодишна регионална иницијатива (2020-2024) финансирана преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА). Општата цел на оваа иницијатива е зајакнување на капацитетите на граѓанскиот сектор за развој на политики и застапување во областа праведност во образованието преку регионална соработка и градење национални коалиции. Прашањето на сиромаштијата и нејзините последици за засегнатите ученици треба да се решава на две нивоа: од една страна, преку образовни и социјални политики, кои треба да обезбедат долгорочни решенија за рамноправност и праведност во образованието, додека пак од друга страна, пилот интервенции на училишно ниво треба да се одговорат на непосредните потреби на учениците со низок социо-економски статус, а сознанијата и научените лекции да се вградат во локални и национални политики и мерки.

Цел на ангажманот

Зајакнување на капацитетите на партнерската организација ЦСИ НАДЕЖ на полето на видливост и комуникација.

 

Опис на ангажманот:

  • Поддршка и менторирање на тимот на партнерската организација ЦСИ НАДЕЖ во процесот на изготвување на организациска Стратегија за видливост и комуникација;
  • Поддршка и менторирање на тимот на ЦСИ НАДЕЖ во подобрување на нејзината видливост во локалната заедница и на социјалните медиуми;
  • Осмислување и заедничко креирање на пакет содржини за видливост на социјалните медиуми, кој ќе опфати:
    • Креација и графички дизајн на 30 содржини за социјални медиуми;
    • Подготовка и реализација на 1 анимирано видео со должина од најмногу 45 секунди наменето за социјални медиуми;
    • Подготовка и реализација на 1 видео со должина од најмногу 4 минути за промоција на партнерската организација;
    • Креација и дизајн на организациско Портфолио.
    • Состаноци со тимот на партнерската организација за дефинирање на содржината на видеата/продуктите;
    • Обезбедување на потребна опрема за снимање и монтирање и обука за користење на истата.

 

Временска рамка:

Поддршка и менторирање за изготвување на организациската Стратегија за видливост и комуникација

Рок: 31.05.2021

Поддршка и менторирање за подобрување на видливоста

Рок: 30.06.2021

Осмислување и заедничко креирање на пакет содржини за видливост

Рок: 30.09.2021

 

Кандидатот кој се пријавува на овој оглас треба:

  • да има соодветно образование, т.е. завршен факултет од областа на комуникации, новинарство, драмски уметности или медиуми. Дополнителни дипломи/сертификати од областа на комуникации/медиуми ќе се сметаат за предност;
  • да има работно или проектно искуствово областа на комуникациите во невладиниот сектор, поврзани со образованието и инклузијата, како и искуство во медиумскиот сектор;
  • да има искуство во подготовка, снимање и продукција на видеа и други содржини за социјални медиуми (минимум 10 продукти);
  • да достави понуда со предлог буџет и предлог план за реализација на предвидените активности. Во предлог буџетот треба да се вкалкулирани трошоците за опрема, за персонален данок и сите други дополнителни трошоци поврзани со подготовката, снимањето и продукцијата на видеата.

Во својата понуда. кандидатот треба да ја потврди својата достапност и достапноста на опремата во дадените рокови.

 

КРИТЕРИУМИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ

  • Цена (40%)
  • Соодветно образование и искуство (40%)
  • Реалистичност и навременост на предлог планот на активностите (20%).

Овој оглас е отворен за сите државјани на Р. С. Македонија кои ги исполнуваат наведените услови. Фондацијата „Чекор по чекор“ не поддржува дискриминација по било која основа.

Ги покануваме заинтересираните кандидати да достават мотивациско писмо, куса професионална биографија, 3 референци (име презиме и контакт информации), предлог план  и предлог буџет за секоја ставка до This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it...

Предлог буџетот треба да биде изразен во ЕУР, во следниов формат:

Опис

Количина

Единична цена во ЕУР

Вкупна цена во ЕУР

Менторирање за изготвување организациска Стратегија за видливост и комуникации

(број на менторски денови)

5

   

Менторирање за видливост на социјални медиуми

(број на менторски денови)

2

   

Подготовка и реализацијана пакет содржини за видливост на социјални медиуми

-анимирано видео со должина до 45 сек

- видео со должина до 4 мин

- содржини за социјални медиуми

- креација и дизајн на организациско Портфолио

1

1

30

1

   

Вкупно

     

 

Проектот го задржува правото да не избере понудувач доколку процени дека доставените предлози не одговараат во целост со потребите. Проектот исто така го задржува правото, во договор со избраниот понудувач, да ја промени временската динамика, како и да ги модифицира барањата врзани за очекуваните резултати. Проектот го задржува правото да воведе дополнителни разумни критериуми и побара дополнителна документација.

Крајниот рок за доставување на апликациите е 5 април 2021 година,  до 13:00 часот.

PARTNERS

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Надеж EU DIC Биро за развој на образованието