HEAD „Зајакнување на капацитетите на директорите на училиштата за градење инклузивна училишна култура“

HEAD logoФондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ започна со реализирање на проектот HEAD- Зајакнување на капацитетите на директорите на училиштата за градење инклузивна училишна култура, за развој на заеднички вредности и социјална инклузија во образованието. Носител на проектот е Мрежата на центри за образовни политики NEPC од Загреб во конзорциум со 7 меѓународни организации, а со финансиски средства на ЕУ преку програмата ЕРАЗМУС. Фондацијата „Чекор по чекор“ е одговорна за проектните активности кои ќе се спроведуваат во основните училишта во нашава земја.

Проектот HEAD: Зајакнување на капацитетите на директорите на училиштата за градење инклузивна училишна култура започна со реализација на 1 декември 2019 година и има за цел да се осврне на професионализацијата на директорите на основните и средните училишта во Хрватска и Северна Македонија, користејќи ги позитивните практики во оваа област од Словенија и Холандија.

Главна цел на проектот:

Обезбедување поддршка на училиштата во развој на инклузивна училишна култура.

 

Специфични цели на проектот:

Развој на програма за професионален развој на директори преку модуларизиран пристап. Главни обележја на програмата за обука се:

  • насоченост кон личен и професионален развој
  • насоченост кон демократско управување - вклучување на сите засегнати страни во управувањето
  • насоченост кон сеопфатен училиштен развој - училишни политики, мисија и визија, професионален развој на наставници и стручни служби
  • Разгледување опции засновани на докази за развој на политики за сеопфатен национален пристап кон подобрување на инклузивноста на училишната
  • Градење коалиција за поддршка на процесот на градење инклузивна училишна култура.

 

Во рамките на проектот планирани се следниве активности:

  • Иницијално истражување наменето за утврдување на тековната состојба; во истражувањето ќе учествуваат директорите, наставниците и стручните служби и претставници на учениците.
  • Програма за обука која се состои од 5 дводневни модули на теми: управување со училиштата, анализа на училишната култура, соработка со социјални партнери, инклузивно и квалитетно образование, спроведување активности во училиштето наменети за подобрување на училишните политики и практики.
  • Учество во финално истражување наменето за утврдување и вреднување на ефективноста на интервенцијата (во истражувањето исто така ќе учествуваат и родители и претставници од локалната заедница).
  • Учество во активности за промоција на програмата (тркалезна маса, конференција).

 

Организации вклучени во реализирање на проектот:

Хрватска

• Форум за слобода во образованието
• Отворена Академија Чекор по чекор


Северна Македонија

• Фондација за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“
• Македонски центар за граѓанско образование


Словенија

• Институт за едукативни истражувања
• Национална школа за лидерство во образованието


Холандија

• НСО - Академија за лидерство во ЦНА


Други партнери

• Европско здружение за раководители на училишта
• Здружение на хрватски директори за средно училиште
• Здружение на хрватски директори за основни училишта

HEAD logos all

PARTNERËT

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Надеж EU DIC Биро за развој на образованието