МОЖНОСТИ ЗА РАБОТА

Огласи за ангажирање компании/поединци за реализирање активности во рамки на проектот „И јас имам глас“

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ - Македонија со поддршка на “Save The Children International” – Косово и Шведската Интернационална Агенција за развој, го реализира пилот проектот „И јас имам глас“, со цел градење на капацитети на децата и младите за активно и одговорно граѓанство. Дел од проектните активности ќе помогнат да се подигне јавната свест за важноста на почитувањето на правата на децата. Преку активностите кои се реализираат во проектот, учениците можат да преземат активности за изразување на своето мислење и подобрување на состојбите кои ги засегаат нив и нивните врсници, преку учество во секции и клубови и за градење училишна клима која промовира соработка со децата и нивна заштита.

Повикот е отворен за компании или индивидуалци (експерти, обучувачи, фацилитатори) за следнава активност која треба да се реализира во 8 проектни основни училишта од нашава земја:

РАБОТИЛНИЦА: ДЕЦАТА КРЕИРААТ ПОРАКИ И АЛАТКИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА НИВНАТА ПАРТИЦИПАЦИЈА И ИНКЛУЗИВНОСТА НА ДЕЦАТА ВО УЧИЛИШТАТА

Цел на ангажманот:
Овие активности се фокусираат на градење капацитети за детска партиципација и развивање на вештини кои придонесуваат за промоција на правата на децата.

Главни задачи:

  • Подготвување агенда и помошни материјали за одржување три дневна работилница со учениците од Ученичкиот парламент за подобрување на детската партиципација и инклузивноста на децата во училиштата,
  • Подготовка на краток опис на планираните активности и методологијата на работа која ќе овозможи децата да креираат пораки и алатки за подобрување на нивната партиципација и инклузивноста во училиштата,
  • Доставување целосна документација по спроведената активност до Фондацијата (извештаи, списоци за присуство, евалуации, фотографии, видео записи и други изработки од учениците. Форматот за извештајот, списоците за присуство и евалуациите и ќе бидат обезбедени од проектниот тим).

Обуката ќе се реализира со две групи ученици и наставници, со најмногу  30 учесници по група.

Место на спроведување на задачата: РСМ

Временска рамка: октомври - ноември 2021 година.

Барани квалификации и услови за работа:
Образование: прв циклус образование во општествени или образовни науки; втор циклус студии ќе се смета за предност;
Флексибилност за работа преку викенди и патување во СРМ;
Докажани вештини за спроведување практични обуки и работилници;
Вештини за пишување и навремено испорачување на концизни и информативни извештаи.

Претходно искуство:
Претходно искуство во спроведување работилници за ученичко организирање.
Претходно искуство во спроведување креативни работилници со ученици и наставници од основни училишта.
Вклученост во работилници за развивање активизам и вклучување на децата во процесот на донесување одлуки.

Вештини и способности:
Добри комуникациски вештини
Компјутерски вештини (користење на MS Office и други мултимедиски програми).
Надгледувањето на реализирањето на активностите го врши проектниот тим.

Овој оглас е отворен за поединци/компании од Р. С. Македонија. Фондацијата „Чекор по чекор“ не поддржува дискриминација по било која основа. Ги покануваме заинтересираните да достават изјава за интерес, изјава дека ја подржуваат политиката на Save the Children и Фондацијата Чекор по чекор за заштита на децата од сите форми на злоупотреба и ажурирани професионални биографии на следнава адреса: Questo indirizzo email è protetto dagli spambots. E' necessario abilitare JavaScript per vederlo..

Крајниот рок за доставување на апликациите е 22.09.2021 (среда) до 14 часот.

PARTNERËT

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Надеж EU DIC Биро за развој на образованието