МОЖНОСТИ ЗА РАБОТА

Огласи за реализирање активности во рамки на проектот „И јас имам глас“

ОГЛАСИ ЗА АНГАЖИРАЊЕ КОМПАНИИ/ПОЕДИНЦИ ЗА РЕАЛИЗИРАЊЕ АКТИВНОСТИ ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ „И ЈАС ИМАМ ГЛАС“

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ - Македонија со поддршка на “Save The Children International” – Косово и Шведската Интернационална Агенција за развој ќе го реализира пилот проектот „И јас имам глас“, со цел градење на капацитети на децата и младите за активно и одговорно граѓанство. Проектот исто така ќе помогне да се подигне јавната свест за важноста на проактивното почитување на правата на децата. Проектот се реализира во рамките на Регионалниот проект за создавање одговорен систем кој ќе овозможи механизми за спроведување на правата на децата, во периодот 2018-2021 година.

Преку активностите кои ќе се реализираат во проектот, учениците ќе можат да преземат активности за изразување на своето мислење и подобрување на состојбите кои ги засегаат нив и нивните врсници, преку учество во секции и клубови и ќе се гради училишна клима која промовира соработка со и заштита на децата.

Повикот е отворен за компании или индивидуалци (експерти, обучувачи, фацилитатори) за следниве активности кои ќе бидат реализирани во проектните основни училишта под слоганот „И јас имам глас!“:

 

1. Градење на капацитети и ресурси за училишта за зајакнување на заштита и спречување на насилство врз детето


Цел на ангажманот:

Активностите во рамките на оваа обука ќе се фокусираат на обезбедување на деца на возраст од 10-15 години со училишна средина без насилство, како и информации и вештини како да се заштитат и што да прават ако се соочуваат со физичко или онлајн насилство. Бидејќи работилниците треба да се реализираат на македонски и на албански јазик, за нивно реализирање потребни се 2 обучувачи (со познавање на македонски и албански јазик).

Главни задачи:

  • Подготвување агенда за работилниците како и помошни материјали за истата;
  • Подготовка на краток опис на планираните активности;
  • Реализирање дванаесет еднодневни работилници (8 на македонски и 4 на албански јазик) со наставници и стручни служби за зајакнување на нивните капацитети за заштита и спречување на насилство врз детето, особено во услови на пандемија;
  • Реализирање дванаесет еднодневни работилници (8 на македонски и 4 на албански јазик) со родители за зајакнување на нивните капацитети за заштита и спречување на насилство врз детето, особено во услови на пандемија;
  • Доставување целосна документација по спроведената активност до канцеларијата на Фондацијата (извештаи, списоци за присуство, евалуации, фотографии, видео записи и други изработки од учениците. Форматот за извештајот, списоците за присуство и евалуациите и ќе бидат обезбедени од проектниот тим).

Место на спроведување на задачата: локално или онлајн, во осум основни училишта во Скопје, Тетово и  Старо Нагоричане.

Временска рамка: март 2021 – декември 2021

Барани квалификации и услови за работа:

  • Образование: прв циклус образование во општествени, образовни или медицински науки, педагогија или психологија; втор циклус студии ќе се смета за предност;
  • Флексибилност за работа преку викенди и патување во СРМ;
  • Флексибилност за повремени посети на училиштата;
  • Докажани вештини за спроведување практични обуки и работилници;
  • Вештини за пишување и навремено испорачување на концизни и информативни извештаи.

Претходно искуство:

  • Претходно искуство во спроведување обуки со наставници и ученици од основни училишта.
  • Претходно искуство во осмислување на обуки за ученици и наставници на полето на социјалната правда и детските права.
  • Претходно искуство во осмислување и спроведување обуки за ученици и наставници на полето на врсничко насилство.

Вештини и способности:

  • Добри комуникациски вештини
  • Компјутерски вештини (користење на MS Office и други мултимедиски програми)
  • Возачка дозвола.

Овој оглас е отворен за поединци/компании од Р. С. Македонија. Фондацијата „Чекор по чекор“ не поддржува дискриминација по било која основа. Ги покануваме заинтересираните да достават изјава за интерес и ажурирани професионални биографии на следнава адреса: Questo indirizzo email è protetto dagli spambots. E' necessario abilitare JavaScript per vederlo.

Крајниот рок за доставување на апликациите е 15.03.2021 до 14 часот

 

2. Градење на капацитети и ресурси за училишта за зајакнување на заштита и спречување на насилство врз детето


Цел на ангажманот:

Активностите во рамките на оваа обука ќе се фокусираат на обезбедување на деца на возраст од 10-15 години со училишна средина без насилство, како и информации и вештини како да се заштитат и што да прават ако се соочуваат со физичко или онлајн насилство. Бидејќи работилниците треба да се реализираат на македонски и на албански јазик, за нивно реализирање потребни се 2 обучувачи (со познавање на македонски и албански јазик).

Главни задачи:

  • Подготвување агенда за работилниците како и помошни материјали за истата;
  • Подготовка на краток опис на планираните активности;
  • Реализирање седум четиридневни работилници (5 на македонски и 2 на албански јазик) со членовите на стручна служба за зајакнување на капацитетите за превенција и справување со насилство во училиште;
  • Доставување целосна документација по спроведената активност до канцеларијата на Фондацијата (извештаи, списоци за присуство, евалуации, фотографии, видео записи и други изработки од учениците. Форматот за извештајот, списоците за присуство и евалуациите и ќе бидат обезбедени од проектниот тим).

Временска рамка: март 2021 – декември 2021

Место на спроведување на задачата: локално или онлајн, во осум основни училишта во Скопје, Тетово и  Старо Нагоричане.

Барани квалификации и услови за работа:

  • Образование: прв циклус образование во општествени, образовни или медицински науки, педагогија или психологија; втор циклус студии ќе се смета за предност;
  • Флексибилност за работа преку викенди и патување во СРМ;
  • Флексибилност за повремени посети на училиштата;
  • Докажани вештини за спроведување практични обуки и работилници;
  • Вештини за пишување и навремено испорачување на концизни и информативни извештаи.

Претходно искуство:

  • Претходно искуство во спроведување обуки со наставници и ученици од основни училишта.
  • Претходно искуство во осмислување на обуки за ученици и наставници на полето на социјалната правда и детските права.
  • Претходно искуство во осмислување и спроведување обуки за ученици и наставници на полето на врсничко насилство.

Вештини и способности:

  • Добри комуникациски вештини
  • Компјутерски вештини (користење на MS Office и други мултимедиски програми)
  • Возачка дозвола.

 

Овој оглас е отворен за поединци/компании од Р. С. Македонија. Фондацијата „Чекор по чекор“ не поддржува дискриминација по било која основа. Ги покануваме заинтересираните да достават изјава за интерес и ажурирани професионални биографии на следнава адреса: Questo indirizzo email è protetto dagli spambots. E' necessario abilitare JavaScript per vederlo.

Крајниот рок за доставување на апликациите е 15.03.2021 до 14 часот.

 

3. Изработка на прирачник за „Обезбедување психосоцијална поддршка на учениците и нивните семејства“.

Цел на ангажманот:

Целта на овој прирачник е да се создадат материјали кој би помогнале во градењето на капацитетите за справување со психосоцијалното влијание за време на КОВИД-19 пандемијата. Форматот за прирачникот ќе биде договорен со проектниот тим.

Главни задачи:

  • Изработка на прирачник за „Обезбедување на психосоцијална поддршка на учениците и нивните семејства“;
  • Ревизија на прирачникот согласно коментарите на проектниот тим;

 

Временска рамка: март - април 2021

Барани квалификации и услови за работа:

  • Образование: прв циклус образование во општествени, образовни или медицински науки, педагогија или психологија; втор циклус студии ќе се смета за предност;
  • Вештини за пишување на квалитетни прирачнити и други наставни материјали.

Претходно искуство:

  • Претходно подготвени прирачници.
  • Претходно искуство на полето на психосоцијална поддршка
  • Претходно искуство во осмислување и држење обуки за ученици, родители и наставници на полето на социјалната правда и детските права и врсничкото насилство.

 

Овој оглас е отворен за поединци/компании од Р. С. Македонија. Фондацијата „Чекор по чекор“ не поддржува дискриминација по било која основа. Ги покануваме заинтересираните да достават изјава за интерес и ажурирана професионални биографии на следнава адреса: Questo indirizzo email è protetto dagli spambots. E' necessario abilitare JavaScript per vederlo.

Крајниот рок за доставување на апликациите е 15.03.2021 до 14 часот.


4. Работилници „Градење на капацитети за Ученичка застапеност“.

Цел на ангажманот:

Овие активности ќе се фокусираат на организирање на можности за градење на креативни и критички вештини кај учениците од повисоките одделенија за идентификување на проблеми, презентирање на можни решенија и подигање на свеста за прашања кои ги засегаат преку креативни активности и преземање акција поврзана со прашања кои ја загрозуваат безбедноста на децата и за ученичко организирање во Ученички парламенти и застапување. За спроведување на активностите, потребни се најмалку 2 обучувачи.

Главни задачи:

  • Организирање 2 работилници со учениците од Ученичкиот парламент за поддршка на Ученичка застапеност;
  • Подготвување агенда за активностите како и помошни материјали за истата;
  • Подготовка на краток опис на планираните активности;
  • Доставување целосна документација по спроведената активност до Фондацијата (извештаи, списоци за присуство, евалуации, фотографии, видео записи и други изработки од учениците. Форматот за извештајот, списоците за присуство и евалуациите и ќе бидат обезбедени од проектниот тим)

Место на спроведување на задачата: онлајн или локално, во осум основни училишта во Скопје, Тетово и  Старо Нагоричане.

Временска рамка: март 2021 – декември 2021

Барани квалификации и услови за работа:

  • Образование: прв циклус образование во општествени или образовни науки, педагогија или психологија; втор циклус студии ќе се смета за предност;
  • Флексибилност за работа преку викенди и патување во СРМ;
  • Флексибилност за повремени посети на училиштата;
  • Докажани вештини за спроведување практични обуки и работилници;
  • Вештини за пишување и навремено испорачување на концизни и информативни извештаи.

Претходно искуство:

  • Претходно искуство во спроведување работилници за ученичко организирање.
  • Претходно искуство во спроведување креативни работилници со ученици од основни училишта.
  • Вклученост во работилници за развивање активизам и вклучување на децата во процесот на донесување одлуки.

Вештини и способности:

  • Добри комуникациски вештини
  • Компјутерски вештини (користење на MS Office и други мултимедиски програми).

Надгледувањето на реализирањето на активностите го врши проектниот тим.

Овој оглас е отворен за поединци/компании од Р. С. Македонија.. Фондацијата „Чекор по чекор“ не поддржува дискриминација по било која основа. Ги покануваме заинтересираните да достават изјава за интерес и ажурирани професионални биографии на следнава адреса: Questo indirizzo email è protetto dagli spambots. E' necessario abilitare JavaScript per vederlo.

Крајниот рок за доставување на апликациите е 15.03.2020 до 14 часот.

 

5. Изработка на „Водич за Ученички парламент“.

Цел на ангажманот:

Изработка на водич кој ќе им даде на училиштата писмени насоки и инструкции за тоа како да се стави во функција Ученичкиот парламент.

Главни задачи:

  • Изработка на „Водич за Ученички парламент“;
  • Подготовка на краток опис на планираните активности;
  • Доставување целосна документација по спроведената активност до Фондацијата;

 

Временска рамка: април 2021

Барани квалификации и услови за работа:

  • Образование: прв циклус образование во општествени, образовни или, педагогија или психологија; втор циклус студии ќе се смета за предност;
  • Докажани вештини за спроведување практични обуки и работилници;
  • Вештини за пишување и навремено испорачување на концизни и информативни извештаи.

Претходно искуство:

  • Претходно искуство во спроведување обуки со наставници и ученици од основни училишта.
  • Претходно искуство во осмислување на обуки за ученици и наставници на полето на социјалната правда и детските права.
  • Претходно искуство во осмислување и спроведување обуки за ученици и наставници на полето на врсничко насилство.

Вештини и способности:

  • Добри комуникациски вештини
  • Компјутерски вештини (користење на MS Office и други мултимедиски програми)

Овој оглас е отворен за поединци/компании од Р. С. Македонија. Фондацијата „Чекор по чекор“ не поддржува дискриминација по било која основа. Ги покануваме заинтересираните да достават изјава за интерес и ажурирани професионални биографии на следнава адреса: Questo indirizzo email è protetto dagli spambots. E' necessario abilitare JavaScript per vederlo.

Крајниот рок за доставување на апликациите е 15.03.2021 до 14 часот.

 

6. Спроведување интервјуа со локални и национални носители на политики со цел подигање на свеста за детските права и заштита на децата од насилство.

Цел на ангажманот:

Целта на оваа активност е подигање на свеста за правата на децата и заштита на децата од насилство.

Главни задачи:

  • Подготовка на план за реализација на активноста;
  • Реализација и уредување на 1 интервју со претставник на централната власт;
  • Подготовка и уредување на 4 интервјуа кои ќе ги реализираат ученици од проектните училишта со преттсавници на локалната самоуправа;
  • Подготовка на учениците од проектните училишта за изведување на интервјуа;
  • Доставување на снимени и мониториани интервјуа и документација за спроведената активност до Фондацијата (извештај, списоци за присуство, работни материјали, фотографии, видео записи и други изработки од учениците. Форматот за извештајот и списоците за присуство ќе бидат обезбедени од проектниот тим)

Место на спроведување на задачата: локално, во осум основни училишта во Скопје, Тетово и Старо Нагоричане.

Временска рамка: март 2021 – декември 2021

Барани квалификации и услови за работа:

  • Образование: прв циклус образование во општествени науки; ќе се смета за предност доколку кандидатите имаат образование од областа на ликовната или драмската уметност, мајчиниот јазик, новинарството, педагогијата или психологијата. Кандидатите ќе треба да докажат дека имаат соодветни компетенции и искуство во организација на уметничко-творечки активности.
  • Искуство во работа со претставници на граѓанскиот сектор и на образовни институции.

Претходно искуство:

  • Претходно искуство во спроведување креативни активности со ученици од основни училишта.
  • Искуство во подготвување, снимање и монтирање/уредување на интервјуа.

Вештини и способности:

  • Добри комуникациски вештини
  • Компјутерски вештини (користење на MS Office и други мултимедиски и креативно-уметнички програми).

Надгледувањето на реализирањето на активностите го врши проектниот тим.

Овој оглас е отворен за поединци/компании од Р. С. Македонија. Фондацијата „Чекор по чекор“ не поддржува дискриминација по било која основа. Ги покануваме заинтересираните да достават изјава за интерес и ажурирани професионални биографии на следнава адреса: Questo indirizzo email è protetto dagli spambots. E' necessario abilitare JavaScript per vederlo.

Крајниот рок за доставување на апликациите е 15.03.2020 до 14 часот.

 

PARTNERËT

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Надеж EU DIC Биро за развој на образованието