Објава за набавка на опрема за сензорни соби и електромоторен транспортер
ФОНДАЦИЈАТА ЗА ОБРАЗОВНИ И КУЛТУРНИ ИНИЦИЈАТИВИ ОБЈАВУВА ОГЛАС ЗА НАБАВКА НА ОПРЕМА ЗА СЕНЗОРНА СОБА, ЕДУКАТИВНИ И ДИДАКТИЧКИ МАТЕРИЈАЛИ И РЕХАБИЛИТАЦИСКО-РЕКРЕАТИВНА ОПРЕМА, И ЕЛЕКТРОМОТОРЕН ТРАНСПОРТЕР
- Објавa број: 2023/1 - „Инклузивни општини преку квалитетно образование“
- Финансирање: Проект „Инклузивни општини преку квалитетно образование“, финансиски поддржан од донаторот - Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) (понатаму само Проектот)
- Нарачател: Фондација за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ (понатаму само Фондацијата)
- Корисници на опремата: 6 основни училишта од Република Северна Македонија
ПРЕДМЕТ НА НАБАВКАТА
- Опис на набавката:
Предмет на набавката е испорака, инсталација, одржување во и вон гарантен рок и сервис обезбеден од страна на понудувачот на опрема за сензорна соба, едукативни и дидактички материјали и рехабилитациско-рекреативна опрема, и електромоторен транспортер, дадени во две целини.
- Име на целината (комплетната документација се добива согласно долунаведените барања)
Целина 1: Опрема за сензорна соба, едукативни и дидактички материјали и рехабилитациско-рекреациска опрема
Целина 2: Електромоторен транспортер
УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО
- Подобност и правила на потекло
(1) Понудувачи можат да бидат трговски фирми од Република Северна Македонија (во понатамошниот текст РСМ) и од странство. Оние фирми со кои Фондацијата има претходно соработувано мора целосно, квалитетно и навремено да ги имаат исполнето евентуалните поранешни обврски.
Воедно, понудувачите не смеат да се најдат во ниту една од следниве ситуации:
- да се во стечај, неликвидни или во постапка на ликвидација, каде со нив управуваат стечаен управник или суд, односно се во договор со доверители,
- да се суспендирани нивните деловни активности,
- со конечна пресуда или конечна административна одлука да е утврдено дека ги прекршиле своите законски обврски за плаќање даноци или придонеси,
- со конечна пресуда или конечна административна одлука е утврдено дека се виновни за сериозни повреди на законските или етичките стандарди на професијата, и
- да ги нарушуваат етичките стандарди на професијата со стапување во договор со други економски оператори со цел нарушување на конкуренцијата.
(2) Воедно понудувачите треба да бидат во состојба, односно да поседуваат доволни финансиски, технички и кадровски капацитети за да ги исполнат барањата од соодветната целина/соодветните целини на која/кои се пријавуваат.
Со поднесување на својата понуда, понудувачот презема одговорност кон Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“, имено дека во случај на можно склучување договор, понудувачот ќе ѝ обезбеди на Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ секаква потреба поддршка за да се осигури целосно придржување кон воспоставениот режим на санкции - така што ваквото обврзување се дават пред доделувањето односно склучувањето на било каков договор. Ова особено ја вклучува обврската, доколку тоа го побара Фондацијата за образовни и културни Иницијативи „Чекор по чекор“, да се пополни само-декларација за утврдување на потеклото на понудената стока и/или да се поднесат до Фондацијата за образовни и културни Иницијативи „Чекор по чекор“ сите документи и докази кои истата би ги побарала во врска со потеклото на односните стоки. Доколку понудувачот не ги исполни овие обврски или не го стори тоа во разумен временски период, тоа може да резултира со исклучување на нивната понуда.
Договорот може да се додели односно склучи само по завршување на оваа проценка на потеклото на понудените стоки. Доколку во текот на оваа проверка произлезе основа за загриженост или се откријат факти кои би претставувале пречка за склучување на договорот, Фондацијата за образовни и културни Иницијативи „Чекор по чекор“ за истото ќе го извести понудувачот без одлагање. Фондацијата за образовни и културни Иницијативи „Чекор по чекор“ воедно го задржува правото во ваков случај да го додели договорот на следно рангираниот понудувач во тендерската постапка.
- Основа за исклучување
- Број на понуди
Еден понудувач може да даде целосна понуда за една или за двете целини. Секоја целина е предмет на посебен договор и спецификацијата дадена во неа е неделива. Понудувачот е должен да ги понуди сите ставки на зададената целина. Некомплетни понуди за поединечната целина нема да бидат разгледувани.
- Гаранции
Понудувачите НЕ ТРЕБА да достават Банкарска гаранција за обезбедување на понудата (Тендерска гаранција).
На успешниот понудувач може да му биде побарано да обезбеди Гаранција за добро извршување на работите во вредност од 10% од вредноста на договорот, изразена во МКД. Во ваков случај, истата (со текст како што е даден во примерот) мора да биде доставена пред потпишување на договорот од страна на Нарачателот. Ако понудувачот не го направи тоа во овој период тогаш договорот ќе биде поништен, а постапката ќе биде повторена со следниот најповолен понудувач. Оваа гаранција ќе се побара САМО од оние понудувачи кои ќе побараат авансно плаќање.
- Валидност на понудата
Понудите мора да останат валидни до 31 јануари 2024 година.
- Краен рок на извршување
10 календарски дена по поднесување на сукцесивна нарачка за поединечна локација.
КРИТЕРИУМИ ЗА СЕЛЕКЦИЈА И ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ
- Бодување и критериуми
За Целина 1
- 60% (од вкупните бодови) = Цена на побараните производи
- 5 % (од вкупните бодови) = Цена за транспорт
- 30 % (од вкупните бодови) = Референци на понудувачот за истоветна услуга/испорачани стоки во РСМ
- 5 % (од вкупните бодови) = Начин на плаќање
За Целина 2
- 60% (од вкупните бодови) = Цена на побараните производи
- 5 % (од вкупните бодови) = Цена за транспорт
- 10 % (од вкупните бодови)= Гарантен рок
- 10 % (од вкупните бодови)= Сервисна мрежа
- 10 % (од вкупните бодови) = Референци на понудувачот во РСМ
- 5 % (од вкупните бодови) = Начин на плаќање
КОНКУРИРАЊЕ
- Како да ја набавите комплетната документација
- Комплетната документација можете да ја добиете ТУКА.
Сите прашања во врска со тендерот треба да се испраќаат: по писмен пат на адреса на Фондација за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ (Бул. Партизански Одреди 72а, мезанин, 1000 Скопје) или по електронска пошта на адреса: Questo indirizzo email è protetto dagli spambots. E' necessario abilitare JavaScript per vederlo. (со наведување на бројот на објавата од Точка 1), не подоцна од 5 ден од последниот рок за примање на понудата даден во Точка 15. Фондацијата (ќе одговори на прашањата на ист начин во рок од 2 дена).
- Краен рок за поднесување на понудите
Заинтересираните понудувачи своите понуди (ЕДЕН ОРИГИНАЛ НА ХАРТИЈА) треба да ги достават во затворен и запечатен коверт со напомена „Објава бр.: 2023/1 - „Инклузивни општини преку квалитетно образование“, со назнака на целината/целините за која/кои се конкурира, на рака или по курирска пошта на следнава адреса:
Фондација „Чекор по чекор“, бул. „Партизански одреди“ 72а (мезанин), 1000 Скопје, РСМ
За понудите испратени по пошта како време на поднесување ќе се смета времето на пристигнување на пратката на адреса на Фондацијата, а НЕ времето на предавање на пратката во пошта.
Краен датум за достава на понудите: најдоцна до понеделник, 30.10.2023 год. до 10.00 часот.
- Понудите добиени по назначениот рок нема да бидат земени предвид.
Јавно отворање на понудите нема да има!
Договорот ќе се потпише во рок од 7 дена од отворањето на понудите.