Започна новиот проект „Редовно на часови: акција за вклучување на Ромите во основното образование“
Започна новиот проект „Редовно на часови: акција за вклучување на Ромите во основното образование“ имплементиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија во партнерство со Фондацијата за образовни и културни иницијативи Чекор по чекор и Здружението Центар за образовна поддршка Дендо вас, финансиран од Европската Унија. Проектот пред сé има за цел да овозможи еднаков пристап до образование за децата Роми и да ги мотивира децата да бидат редовни на часови, но и да обезбеди инклузивна средина за учење каде ќе се почитува различноста и каде сите деца ќе се чувствуваат добредојдени и подеднакво стимулирани да успеат. Проектот ќе се имплементира до октомври 2022.
За повеќе информации, следете го линкот:
https://fosm.mk/current-project/nov-eu-proekt-redovno-na-chasovi-akczija-za-vkluchuvane-na-romite-vo-osnovnoto-obrazovanie/