Учесници во Проектот „АРИСЕ: Акција за намалување на нееднаквостите во образованието“ остварија студиска посета во Словенија и Хрватска со цел запознавање до најдобрите практики за справување со сиромаштијата во образованието

arise2Проектниот партнер НЕПЦ - Мрежа на центри за образовни политики, со чија стручна поддршка се спроведува Проектот „Акција за намалување на нееднаквостите во образованието“, во ноември 2022 г. организираше студиска посета на Хрватска и Словенија, со цел претставници од шесте земји учеснички во Проектот да се запознаат со иновативни добри и успешни практики во борбата против влијанието на сиромаштијата врз образованието на децата од семејства со низок социоекономски статус.

За време на посетата се организираа повеќе панел дискусии и работилници на следниве теми:

  • Развојни училишни планови – пат кон подобрување на квалитетот на работата на училиштето
  • Првични резултати од регионалната студија за влијанието на сиромаштијата врз учењето
  • Регионална политика кон намалување на нееднаквостите во раното детство и основното образование во Округ Меѓумурје
  • Иницијативи на ниво на училиште и локална заедница за намалување на нееднаквостите во образованието во општините Мала Суботица и Ореховица
  • Словенечката национална политика кон намалување на нееднаквостите во образованието
  • Училишни и политики за поддршка на ученици со низок социоекономски статус во земјите учеснички во проектот.

Воедно се посетија и основното училиште „Мала Суботица“ и игротеката „Ајде да одиме заедно“ во Мала Суботица, основното училиште во Ореховица, ромската населба Параг, ромската населба Ореховица (сите во Хрватска), како и основното училиште Тишина, Округ Тишина, во Словенија.

Проектот е финансиран од Европската Комисија

PARTNERËT

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Надеж EU DIC Биро за развој на образованието