Силните страни на Вашето дете

Кои се силните страни на Вашето дете? Нивното препознавање и поттикнување преставува основа за продуктивен живот исполнет со успеси и радост.

silnite strani na vaseto deteСилните страни како концепт преставуваат вештини, способности или таленти кои се својствени за поединецот и кои имаат потенцијална вредност за него и за општеството. Во зависност од контекстот, тие можат да опфатат различни сфери, меѓу кои и емоционалната, социјалната, когнитивната и физичката.

Денес, работодавачите највисоко ги вреднуваат следниве карактеристики: ентузијазам, доверливост, креативност, дисциплинираност и самоорганизираност, трпеливост, почит и лојалност, решителност и посветеност.

На интелектуален план, образовните установи се фокусираат на силните страни и карактеристики како што се: внимание на детали, креативност, критичко размислување, ентузијазам, решавање проблеми, визуелизација, упорност, флексибилност и сл.

На ова се надоврзуваат и традиционалните карактерни јаки страни на чесност, љубезност, подготвеност за помагање, емпатија, лојалност, трудољубивост, издржливост или независност.

Децата имаат многу различни видови позитивни карактеристики и  силни страни. Понекогаш тие се очигледни, како кога детето е навистина добро во цртање или спорт, но од нив потешко се забележуваат - како да се биде добар слушател или добро да се работи во групи.

Препознавањето за овие силни страни и разговорот за нив може да му помогне на Вашето дете да напредува. Ова особено се однесува на деца кои имаат потешкотии на училиште. Оваа листа може да Ви помогнете да ги идентификувате и развивате позитивните карактеристики и силните страни на Вашето дете.

>> ПРЕЗЕМЕТЕ ГО ТЕКСТОТ <<

PARTNERËT

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Надеж EU DIC Биро за развој на образованието