Што се фини моторни вештини?

fini motirni feshtini thumbФините моторни вештини претставуваат способност за користење на малите мускули на рацете и зглобовите. Овие движења ни доаѓаат толку природно што обично не размислуваме за нив. Сепак, фините моторни вештини се сложени. Тие вклучуваат координиран напор на мозокот и мускулите и се надградуваат на грубите моторни вештини кои ни овозможуваат да правиме поголеми движења, како на пр. трчање или скокање, кога користиме поголеми мускули.

Фините моторни вештини не се специфични вештини кои се изучуваат како на пр. читањето или математиката, но директно влијаат врз способноста децата да учат и да покажат што знаат. Така, на децата им требаат фини моторни вештини за да заокружат одговор на тест или да напишат есеј или да одговорат на некое прашање. Исто така, на децата им требаат фини моторни вештини за да ги извршуваат секојдневните задачи како што се облекување и миење заби.

>> ЗА ПОВЕЌЕ КЛИКНЕТЕ ТУКА <<

PARTNERËT

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Надеж EU DIC Биро за развој на образованието