Презентација на активностите реализирани во рамките на проектот „И јас имам глас“
На 21.12.2018 година во Детскиот Креативен Центар во МКЦ - Скопје, со почеток во 11 часот ќе се одржи презентација на активностите реализирани во рамките на проектот „И јас имам глас“ финансиран од Save the Children International. Проектот „И јас имам глас“ се реализира во рамки на Регионалниот проект за создавање одговорен систем кој ќе овозможи механизми за спроведување на правата на децата, во периодот 2018-2020 година.
Во проектот активно учество земаа ученици од четири основни училишта: „Кирил и Методиј“ - Тетово, „Дане Крапчев“ - Гази Баба, „Христијан Тодоровски Карпош“ - с. Драгоманце и „Братсво“ - Карпош. Во секое училиште во текот на ноември и декември се реализираа три вида активности: АРТивизам, Форум театар и Библиотека на тркала.
Ве покануваме да бидете дел од овој наш настан!