Предностите на инклузивната училница

prednostite na inkluzivnata uchilnicaКога за едно дете ќе се утврди дека има потреба од посебни, проширени односно специјални образовни услуги, вообичаено е семејствата да се загрижат дали, каде и како детето ќе го оствари своето право на образование. Дали ќе имаат можност детството да го поминат во една стимулативна средина, опкружени со свои врсници со типичен развој, каде сите ќе имаат можност заедно да се развиваат и да научат да живеат во едно инклузивно општество. Во минатото решението за образованието се бараше во посебни училишта и паралелки, но во современиот свет, сѐ повеќе деца своето образование го поминуваат во редовни училишта и инклузивни училници. Во инклузивната училница, наставниците и специјалните едукатори работат заедно за да ги задоволат потребите на сите ученици.

Инклузивните училници вообичаено се дефинираат како училници дизајнирани така што учениците со посебни потреби меѓу кои и учениците со попреченост учат со своите врсници кои се со типичен развој во редовни училишта, во одделение соодветно на нивната возраст. Иако ова е најчестото сфаќање на инклузивноста, овој процес не се ограничува само на ученици со попреченост, туку подразбира рамноправно учество на ученици со различно социјално и економско потекло, мајчин јазик, вероисповед и сексуална ориентација. Учењето и растењето во инклузивна средина е клучно за здрав и просперитетен развој на учениците.

Во светот постојат различни модели на работа во инклузивна училница. Некаде со целото одделение работи само еден наставник, кој своето планирање и работа ја прилагодува, индивидуализира и диференцира. Во други системи, со одделението работат двајца наставници практикувајќи тандемска настава. Понекаде со учениците со попреченост работи образовен асистент во самото одделение, а некаде специјален едукатор работи со детето повремено во одделението или во посебна просторија. При тоа, најважно е избраното решение да договара на спецификите на образовниот систем, но уште поважно е да соодветствува на потребите и потенцијалите на самиот ученик.

>> ПРЕЗЕМЕТЕ ГО ТЕКСТОТ <<

 

PARTNERËT

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Надеж EU DIC Биро за развој на образованието