Повик за обучувачи за Насилство

decata na prvo mesto header

Повик за ангажирање експерти за обука и дел од прирачник на тема: НАСИЛСТВО ВРЗ ДЕЦАТА: ПРЕПОЗНАВАЊЕ, ПРЕВЕНЦИЈА И ЗАШТИТА во рамки на проектот Децата на 1-во место!

 

I. Основни информации за организацијата

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор'' Македонија (Фондација Чекор по чекор) е основана во 2000 година со цел да ја продолжи воспитно-образовната методологија „Чекор по чекор” во градинките и основните училишта во Република Македонија. Мисијата на Фондацијата „Чекор по чекор”   е да изготвува, развива и спроведува програми кои го унапредуваат образованието и културата во современото општество како клучен фактор за образовен, културен, економски и социјален развој. „Чекор по чекор“ посветено работи на остварување на следниве стратешки приоритети: 1) подобрување на компетенциите на наставниците за реализирање современа наставна пракса, 2) подобрување на компетенциите кај децата за критичко размислување и самостојно учење; и 3) промовирање  еднаков пристап до квалитетно образование за децата од ранливи групи.


II
. За проектот

„Децата на 1-во место!“ е проект на  Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ финансиран од Европската Унија кој има за цел да го поддржи и промовира почитувањето на правата на детето како предуслов за демократски училишни заедници кои градат и негуваат активни и одговорни граѓани. Конкретните цели на проектот се: 1) Да се ​​залага за заштита на правата на детето преку собирање и анализа на податоци од истражување; 2) Да се ​​поддржи унапредувањето и заштитата на правата на детето во училиштата преку градење на капацитетите на учениците, наставниците и родителите и овозможување учеството на учениците во училишниот живот; и 3) Да се ​​подигне јавната свест за правата на децата, заштитата и учеството преку јавна кампања. Проектот се спроведува во соработка со Народниот Правобранител и Министерството за образование и наука на РСМ.

III. ПОЗИЦИЈА 1 – ОБУЧУВАЧ за ТЕМАТСКА ЦЕЛИНА: НАСИЛСТВО ВРЗ ДЕЦАТА: ПРЕПОЗНАВАЊЕ, ПРЕВЕНЦИЈА И ЗАШТИТА -  2 ЕКСПЕРТИ

Опис на ангажманот

Цел на обуката: Да се подобрат капацитетите на наставниците, родителите и учениците за видовите насилство врз децата, механизмите за превенција и заштита. Особено внимание ќе се посвети на следните теми:

  • Запознавање со различни видови насилство врз децата
  • Запознавање со механизмите за превенција од насилство врз децата
  • Запознавање со механизмите на заштита од насилство врз децата
  • Улогата на училиштето во превенција и заштита на децата од насилство

Од експерите обучувачи се очекува:

  • да подготват програма и материјали за еднодневна обука за ученици, наставници и родители која во зависност од можностите можат да бидат реализирани онлaјн и/или како обуки со директен контакт со учесниците.
  • да реализираат вкупно 11 семинари,
  • да подготват извештај за спроведената обука со препораки за понатамошни активности за развој на компетенциите на учесниците.

Времетраење на ангажманот

Вкупниот ангажман за сите експерти е со траење од 13 работни дена (2 дена за подготовка на обуките и максимум 11 дена за изведба на обуките). Активностите треба да се спроведат во периодот 1 ноември 2023 г. до 30 јуни 2024 г.

Квалификации и искуство

  • високо образование од областа на педагогија, психологија, психијатрија, или општествено хуманистичките науки, завршен втор/трет циклус се смета за предност;
  • вајмалку 10 години работно искуство во областа на видови насилство, превенција и заштита на децата од насилство и тоа во најмалку 5 проекти
  • искуство во организирање најмалку 10 обуки на полето на видови насилство, превенција и заштита на децата од насилство реализирани со ученици, наставници, родители и претставници на граѓанскиот сектор.

 

IV. ПОЗИЦИЈА 2 - АВТОР НА ПРИРАЧНИК

Опис на ангажманот

Цел на ангажманот: Подготвување на дел од прирачник кој ќе се користи за понатамошна дисеминација на обуката и за самостојно учење.

Од експертите се очекува да подготви прирачник за понатамошна дисеминација на обуката, во кој ќе се:

  • сублимираат материјалите од обуката
  • дадат дополнителни ресурсни материјали, теоретски основи, практични идеи и извори за понатамошно самостојно учење
  • дадат препораки за интерна дисеминација на обуката во самите училишта овозможи и поттикне самостојно учење на сите заинтересирани наставници, членови на стручни служби, училишното раководство, родителите и членовите на граѓанскиот сектор кои работат на проекти за видови насилство, превенција и заштита на децата од насилство.

 

Времетраење на ангажманот

Ангажманот е предвиден со траење од 10 дена.

Квалификации и искуство

  • високо образование од областа на педагогија, психологија, психијатрија, или друга област од општествено хуманистичките науки, завршен втор/трет циклус се смета за предност
  • најмалку 10 години работно искуство во областа на насислтво врз децата, превенција и заштита и тоа во најмалку 5 проекти
  • искуство во организирање најмалку 10 обуки на полето на видови насилство, превенција и заштита на децата од насилство реализирани со ученици, наставници, родители и претставници на граѓанскиот сектор
  • искуство во креирање прирачници за обука за наставници, претставници на граѓанскиот сектор и работни материјали за ученици.

 

V. Начин на пријавување

Заинтересираните кандидати треба да поднесат:

  • Кратка биографија и копија од диплома за завршено образование
  • Доказ за релизирани обуки за наставници, родители, ученици, претставници на граѓански сектор
  • Доказ за изработени прирачници за обука на наставници и линк до истите доколку се достапни електронски, или копија од насловната страна каде се гледа името на авторот и содржина на прирачникот;
  • Предлог програма за обука во времетраење од еден ден;
  • Предлог буџет со финансиска пресметка за ангажманот по денови, со вкалкулирани трошоци за персонален данок;

Предлог планот за реализација ќе биде утврден заеднички со проектниот тим.

Генерални назнаки за двете позиции:

  • Се очекува заинтересираните експерти да се пријават за двете позиции. Фондацијата Чекор по чекор го задржува правото да избере еден или повеќе експерти или да не избере експерти доколку процени дека поднесените понуди не ги задоволуваат очекувањата и предвидените барања.
  • Експертите кои ќе бидат поканети да развијат програми за обука треба да соработуваат тесно со проектниот тим и да ги консултираат наодите од националното истражување за детски права, ученичко учество и безбедност спроведено во рамки на проектот.

Овој оглас е отворен за сите државјани на Р. С. Македонија кои ги исполнуваат наведените услови. Фондацијата „Чекор по чекор“ не поддржува дискриминација по било која основа. Ги покануваме заинтересираните кандидати да ги достават потребните документи најдоцна до 20.09.2023  г. до 15 ч. на следните е-маил адреси: Questo indirizzo email è protetto dagli spambots. E' necessario abilitare JavaScript per vederlo. и Questo indirizzo email è protetto dagli spambots. E' necessario abilitare JavaScript per vederlo.

PARTNERËT

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Надеж EU DIC Биро за развој на образованието