Почеток на реализација на проектот „И јас имам глас“
Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ - Македонија со поддршка на “Save The Children International” – Косово и Шведската Интернационална Агенција за развој, започна да го реализира проектот „И јас имам глас“, со цел да се изградат капацитети кај децата и младите за активно и одговорно граѓанство и подобрување на јавната свест за важноста на проактивното почитување на правата на децата.
Проектот се реализира во рамките на Регионалниот проект на Save the Children за создавање одговорен систем кој ќе овозможи механизми за спроведување на правата на децата, во периодот 2018-2020.
Преку уметнички и драмски активности како и активности во училишните клубови кои дејствуваат во одбраните основни училиштата, ќе овозможиме да се слушне гласот на децата во училиштето, во заедницата и во општеството.