Отворен повик за вклучување на партнер организација во Проектот „Подобро родителство за подобар успех на ромските деца“

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ – Македонија во периодот септември 2013 – август 2015 година во Општина Шуто Оризари го спроведува Проектот Подобро родителство за подобар успех на ромските деца.

Проектот Подобро родителство за подобар успех на ромските деца има за цел да ги развива и зајакнува јазичните компетенции и самодоверба на децата Роми на возраст од 3 - 4 години до поаѓање во основно образование преку неформална едукативна и развојна стимулација. Во рамките на

Проектот работат Центри за поддршка на децата и родителите кои ги водат НВО, а кои овозможуваат унапредување на јазичните вештини и компетенции, самодоверба и подготвеноста за учење во стимулативно окружување, нудат простор за учење и креативност, библиотеки, компјутерски катчиња за децата и родителите, неформални креативни, информативни, едукативни и развојни активности за децата и родителите и поддршка на семејствата.

Центрите за поддршка на деца и родители воедно за родителите претставуваат и места за дружење, размена на искуства, учење за важноста на раниот детски развoј и подобрување на сопствените родителски вештини кои им се неопходни за помош во развојот и понатамошното образование на нивните деца кои се директни корисници во проектот, но и на другите деца од предучилишна возраст од нивното семејство, кои би биле индиректни корисници.

Во рамките на проектот Фондацијата планира да идентификува една невладина организација која би водела еден центар како во описот даден погоре. Ги повикуваме сите заинтересирани невладини организации, кои имаат искуство и капацитет за учество во овој Проект да се информираат за условите и можностите за соработка. Информациите ќе можете да ги добиете на тел 072 307 317 или на e-mail адреса Questo indirizzo email è protetto dagli spambots. E' necessario abilitare JavaScript per vederlo..

 

PARTNERËT

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Надеж EU DIC Биро за развој на образованието