Отворен нов проект за зајакнување на капацитетите и свеста за демократија кај Ромите преку образование

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ во соработка со невладините организации Надеж и Дендо Вас наDSC 0231 17 мај и официјално го отворија Проектот „Зајакнување на капацитетите и свеста за демократија кај Ромите преку образование“ (РЕАДЕ). Проектот е финансиран од Европската Унија и Програмата за поддршка на родители на Фондациите отворено општество. Проектот има за цел подобрување на состојбата на Ромите, која често се карактеризира со несоодветни образовни постигања, недостаток на знаења и вештини неопходни за вработување и подобрување на квалитетот на животот во домот и заедницата и на финансиската состојба, што претставува пречка за посеопфатно искористување на можности за образование, вработување и учество во демократските процеси на донесување одлуки на локално и национално ниво.

DSC 0220

Официјалното отворање се одржа во просториите на Центарот за социјални иницијативи Надеж во Шуто Оризари, во присуство на претставници на Делегацијата на Европската Унија, министерствата за образование и наука и за труд и социјална политика, училиштата, градинките, домашни и меѓународни организации, корисниците на проектот и локалната заедница.

Проектот содржи активности за подобрување на предзнаењата и подготвеноста на децата на предучилишна возраст, подобрување на учењето и постигањата на децата кои посетуваат основно училиште, степенот на писменост кај жените и за подобрување на родителските вештини и информираност на ромските семејства. РЕАДЕ водено ќе промовира демократско учество во процесите кои се одвиваат во заедницата и ќе придонесе за градење на капацитетите и вклученоста на ромските НВОа за работа на прашања поврзани со дискриминација и квалитетот на услугите за жени и деца. 

Проектот ќе се спроведува до август 2017 година, и ќе обезбеди директна поддршка на децата и жените Роми од Шуто Оризари и Ѓорче Петров во Скопје, конкретно 120 деца на предучилишна возраст, 210 деца кои посетуваат основно образование во локалните училишта и 500 мајки и жени со пониски нивоа на писменост или образование.
DSC 0409

DSC 0098

DSC 0021

PARTNERËT

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Надеж EU DIC Биро за развој на образованието