Неколку збора за аутизмот

Неколку збора за аутизмот


inkluzivno kvalitetno obrazovanie za site THUMBАутизмот е доживотна невролошка состојба која се манифестира во раното детство, без разлика на пол, раса или социо-економски статус. Терминот растројство од аутистичниот спектар (РАС) опфаќа низа различни карактеристики, меѓу кои доминираат поинакви и единствени социјални интеракции, нестандардни начини на учење, силен интерес за одредени теми, склоност кон рутини, предизвици во вообичаената комуникација посебни начини на обработка на сензорни информации.

При тоа важно е да се има предвид следново:

  • Момчињата имаат 4 пати поголема веројатност да бидат дијагностицирани со аутизам отколку девојчињата;
  • Аутизмот може да се дијагностицира уште на 2-годишна возраст, но повеќето деца се дијагностицираат по 4-годишната возраст;
  • Околу 31% од децата со РАС имаат интелектуална попреченост, 25% се во граничниот опсег и 44% имаат IQ резултати во просечен до натпросечен опсег, т.е. IQ >85;
  • Аутизмот се појавува кај сите етнички и социоекономски групи;
  • Децата со аутизам страдаат од гастроинтестинални нарушувања;
  • Повеќе од половина од децата со аутизам имаат хронични нарушувања на спиењето.

 

>> ПРЕЗЕМЕТЕ ГО ТЕКСТОТ <<

PARTNERËT

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Надеж EU DIC Биро за развој на образованието