Јавен повик за набавка на опрема, нагледни средства, училишен прибор, реквизити и мебел

1. Објавa број: EUD/FOKI/EDU/2091
2. Финансирање: Проект „Редовно на часови: акција за вклучување на Ромите во основното образование“ финансиски поддржан од Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија
3. Нарачател: Фондација за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“
4. Корисници на опремата: 20 училишта од Република Северна Македонија


ПРЕДМЕТ НА НАБАВКАТА

5. Опис на набавката:

Предмет на набавката е испорака, инсталација, одржување во и вон гарантен рок и сервис обезбеден од страна на понудувачот на компјутерска опрема, училишни нагледни средства, прибор, мебел, реквизити и интерактивни табли дадени во шест целини.

6. Име на целината (комплетната документација се добива согласно Точка 15.)

Целина 1: Преносна компјутерска опрема
Целина 2: Нагледни средства
Целина 3: Училишен прибор
Целина 4: Училишен мебел
Целина 5: Училишни реквизити
Целина 6: Интерактивни табли

 
УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО

7. Подобност и правила на потекло

Понудувачи можат да бидат трговски фирми од Република Северна Македонија (во понатамошниот текст РСМ) и од странство кои целосно, квалитетно и навремено ги имаат исполнето евентуалните поранешни обврски кон Фондацијата „Чекор по чекор“ и Фондацијата Отворено општество - Македонија.

Земјите кои согласно правилата на донаторот на средствата имаат предност како земји на потекло се: Земјите членки на ЕУ, Велика Британија, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија, Црна Гора, Турција и Република Северна Македонија.

За Целините 2, 3, 4 и 5 ќе се прифаќаат ИСКЛУЧИВО производи на фирми со седиште и место на производство исклучиво во наведените земји. Седиштето на производителот ќе се докажува со официјална писмена изјава, а земја на производство со сертификат добиен при увоз кој е прифатен како валиден и во процесот на царинење во РС Македонија (Еур 1, фактура со наведени земји на потекло и сл.); за производи произведени во МК (за Целина 4 и 5) со изјава од производителот.

8. Основа за исклучување

Одвоена изјава не е потребна, туку се пополнува во самиот Образец за понуда, во делот Изјава согласно барањата на тендерот.

9. Број на понуди

Еден понудувач може да даде само целосна понуда за целината. Секоја целина е предмет на еден договор и спецификацијата дадена во неа е неделива. Понудувачот е должен да ги понуди сите ставки на зададената целина. Во ниеден случај некомплетни понуди за поедина целинa нема да бидат разгледувани.

10. Банкарска гаранција за обезбедување на понудата (Тендерска гаранција)

Понудувачите НЕ ТРЕБА да достават Банкарска гаранција за обезбедување на понудата (Тендерска гаранција).

11. Гаранции

На успешниот понудувач ќе му биде побарано да обезбеди Гаранција за добро извршување на работите во вредност од 10% од вредноста на договорот изразена во МКД. Истата (со текст како што е даден во примерот) мора да биде доставена најдоцна 10 дена откако понудувачот ќе го прими потпишаниот договор од страна на Нарачателот. Ако понудувачот не го направи тоа во овој период тогаш договорот ќе биде поништен, а постапката ќе биде повторена со следниот најповолен понудувач. Оваа гаранција нема да се бара од оние понудувачи кои ќе бараат плаќање по целосно извршени работи и извршен технички прием.

12. Валидност на понудата

Понудите мора да останат валидни 90 дена по крајниот рок за поднесување на истите.

13. Краен рок на извршување

40 дена по потпишувањето на договорот.


КРИТЕРИУМИ ЗА СЕЛЕКЦИЈА И ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ

14. Бодување и критериуми

 

За Целина 1 и 6

  • 50 % (од вкупните бодови) = Цена.
  • 5 % (од вкупните бодови) = Сервисна мрежа на понудувачот во РСМ, должина на гарантен рок за стоката и услови на сервисирање.
  • 5 % (од вкупните бодови) = Референци на понудувачот во РСМ.
  • 15 (од вкупните бодови) = Начин на плаќање и рок на испорака и пуштање во работа на опремата.
  • 25 % (од вкупните бодови) = Земја на потекло на производителот и земја на производство.

 

За Целина 2, 3, 4 и 5

  • 55% (од вкупните бодови) = Цена.
  • 15 % (од вкупните бодови) = Комплетност на понудата. Понудата е комплетна ако ги содржи сите барани позиции и сите се со бараното потекло. Понудите за Целина 2 и 3 во кои не се понудени повеќе од ТРИ позиции со производи со потекло од наведените земји во точка 7, нема да бидат разгледувани. Понудите за Целина 4 и 5 ќе се разгледуваат само ако се комплетни.
  • 15% (од вкупните бодови) = Квалитет на изработка и издржливост (трајност).
  • 8 % (од вкупните бодови) = Начин на плаќање и рок на испорака.
  • 7 % (од вкупните бодови) = Референци на понудувачот и евентуално поседување на ISO сертификат за соодветната дејност

 

КОНКУРИРАЊЕ

15. Како да ја набавите комплетната документација

Комплетната документација можете да ја преземете овде:
1. ОБЈАВА ЗА НАБАВКА НА ОПРЕМА, НАГЛЕДНИ СРЕДСТВА, УЧИЛИШЕН ПРИБОР, РЕКВИЗИТИ И МЕБЕЛ
2. АНЕКС 3 за набавка EUD/FOKI/EDU/2091

Сите прашања во врска со тендерот треба да се испраќаат исклучиво по писмен пат на адреса на Фондација „Чекор по чекор“, а по електронска пошта на: Questo indirizzo email è protetto dagli spambots. E' necessario abilitare JavaScript per vederlo. (со наведување на бројот на објавата од Точка 1), најдоцна 3 работни дена пред истек на крајниот рок за поднесување понуди даден во Точка 16. Фондација „Чекор по чекор“ ќе одговори на прашањата на ист начин, најдоцна 2 работни дена пред истиот рок.

16. Краен рок за поднесување на понудите

Заинтересираните понудувачи своите понуди (ЕДЕН ОРИГИНАЛ НА ХАРТИЈА) треба да ги достават во затворен и запечатен коверт со напомена „Понуда бр. EUD/FOKI/EDU/2091, на рака или по курирска пошта на следнава адреса:

Фондација „Чекор по чекор“, бул. „Партизански одреди 72а (мезанин), 1000 Скопје, РСМ
ЖЗа понудите испратени по пошта како време на поднесување ќе се смета времето на пристигнување на пратката на адреса на Фондација „Чекор по чекор“, а НЕ времето на предавање на пратката во пошта.

Краен датум за достава на понудите: најдоцна до четврток, 10. 12.2020 год. до 16.00 часот.

17. Понудите добиени по назначениот рок нема да бидат земени предвид.

 

Јавно отворање на понудите нема да има!

PARTNERËT

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Надеж EU DIC Биро за развој на образованието