Барање за идејно решение и демо верзија за дигитални аудио сликовници

Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство”, имплементиран од Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по Чекор” - Македонија, распишува јавен оглас за прибирање идејни и демо решенија за изработка на дигитални аудио сликовници на македонски и албански јазик за кои се изработени графички и аудио фајлови. Во рамките на проектот ќе бидат издадени 20 сликовници.

Повеќе информации за проектот можете да најдете на следниов линк http://www.stepbystep.org.mk/index.php?option=com_k2&view=item&layout=item&id=439&Itemid=819
Авторот (подносителот на понудата) треба да изработи дигитална верзија од сликовниците која ќе интегрира слика и звук и ќе може да се дистрибуира на било која платформа (Windows, Linux и Android), ќе може да биде достапна on-line и off-line и ќе ги исполни кретириумите за е-пристапност кои може да се погледнат на http://www.w3.org/WAI/GL/2010/WD-WCAG20-20100617/
Авторот може да користи алатки по своја желба, вклучувајќи Adbobe Captivate, HTML 5, Java, KWIK plug-in for Photoshop, CoronaSDK и слично
Секој автор треба да достави идејно решение во кое ќе биде објаснет техничкиот пристап како и демо за првите четири страни од сликовницата која во PDF и aудио формат може да се преземе од следниве линкови:
http://stepbystep.org.mk/WEBprostor/toolbox/SLIKOVNICI/Братче_за_Петар.pdf 
http://1drv.ms/1eZZESh 
Дополнително, секој автор треба да достави цена на чинење на изработка за една сликовница. Сликовниците нема да бидат подолги од 20 страни и вкупно 6000 карактери секоја.
На линковите подолу може да се најдат примери на сликовници кои може да послужат како идеја за е-аудио сликовницата.
http://freekidsbooks.org/view/100 
http://www.curiousgeorge.com/kids-stories-books/chucks-band 
http://www.meegenius.com/book/c9c6d365188e190ac77b618de90f825f#page/2 
http://www.astorybeforebed.com/ 
http://www.storylineonline.net/harry-the-dirty-dog/ 
http://www.storylineonline.net/chesters-way/ 
http://www.storylineonline.net/me-and-my-cat/ 

Дополнително, авторите можат по своја желба да вметнат или да предложат свои решенија, анимации или дополнителни функционалности за да бидат сликовниците поинтересни за децата на возраст од 5 до 10 години.
Сите понуди треба да се достават на е-маил адреса Questo indirizzo email è protetto dagli spambots. E' necessario abilitare JavaScript per vederlo. најдоцна до 12 април 2014 година во ZIP папка во која ќе бидат сместени идејното решение, демо верзијата и финансиска понуда со рок за изработка на една сликовница. Ќе бидат контактирани само авторите на селектираните понуди. Некомплетни понуди (идејно решение, демо и финансиска понуда) нема да бидат земени предвид.

PARTNERËT

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Надеж EU DIC Биро за развој на образованието