КАМПАЊА ЗА ВАЖНОСТА ОД
ЕДНАКОВ ПРИСТАП ДО ОБРАЗОВАНИЕ КАЈ РОМИТЕ

КАМПАЊА ЗА ВАЖНОСТА ОД ЕДНАКОВ ПРИСТАП ДО ОБРАЗОВАНИЕ КАЈ РОМИТЕ

Во рамки на кампањата за важноста од еднаков пристап до образование за Ромите, во периодот од 29 мај до 20 јуни 2017 год., организиравме и онлајн иницијатива „Сакам да...“. Во оваа иницијатива ги пренесуваме искрените пораки и желби кои со нас ги споделија децата и членовите од семејствата кои се вклучени во активностите на проектот во Ѓорче Петров и Шуто Оризари, а се однесуваат на универзалните желби и потреби за подобро образование, чиста животна средина, здрава исхрана и сигурни приходи. Целта на оваа иницијатива е да ја сензибилизираме јавноста со потребите на Ромите и да потсетиме дека Ромите, иако честопати дискриминирани поради ниското образовно ниво и социјален статус, ги имаат истите потреби и желби.

Кликнете на секоја од пораките во продолжение за да ја видите во поголема димензија, да ја симнете и зачувате на вашите електронски уреди.

PARTNERËT

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Надеж EU DIC Биро за развој на образованието