МОЖНОСТИ ЗА СОРАБОТКА

Повик за учество во Националната коалиција во рамки на Проектот „Акција за намалување на нееднаквостите во образованието (ARISE)“

За Проектот

ARISE: Акција за намалување на нееднаквостите во образованието е четиригодишна акција која започна во март 2020 и е финансирана преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА).

Конзорциумот кој го спроведува Проектот е составен од 8 партнерски организации од 7 земји:

  • „Косовски образовен центар“, Косово
  • „Мрежа на центри за образовни политики“, Хрватска
  • „Центар за образовни политики“, Србија
  • Фондација за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“, Северна Македонија
  • Центар за образовни иницијативи „Чекор по чекор“, Босна и Херцеговина
  • „проМЕНТЕ“ социјални истражувања, Босна и Херцеговина
  • „Универзитет Шабанџи - Иницијатива за образовни реформи“, Турција
  • „Децата се иднината“, Албанија

Генералната цел на акцијата е да се зајакнат капацитетите на ГО (како на партнерите кои ќе го спроведуваат проектот, така и на локалните невладини организации кои спроведуваат локални акции) за развој на политики и застапување со цел подобрување на рамноправноста во образованието преку регионална соработка и градење национални коалиции. Прашањето на сиромаштијата и учениците кои се засегнати од сиромаштијата треба да се решава на две нивоа: од една страна, преку образовни и социјални политики кои треба да се обезбедат долгорочни решенија за обезбедување рамноправност во образованието, додека пак пилот интервенциите на училишно ниво треба да се справат со непосредните потреби на учениците со низок социо-економски статус, нудејќи поуки за нови политики.

За Проектот можете да дознаете повеќе на https://stepbystep.org.mk/osnovni-informacii-arise.


За Националната коалиција

За максимално да се искористат придобивките на проектот врз развојот на политики, Проектот ќе воспостави дијалог со главните засегнати страни во образовниот процес кои работат на прашањето на сиромаштија и поддршка на ученици со низок Социо-економски статус преку создавање на платформа за споделување сознанија и за соработка - национални коалиции – во шест земји каде се спроведува проектот (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Србија и Турција).

Во секоја земја ќе се формира национална коалиција составена од претставници на граѓанскиот сектор, училишта, невладини организации, истражувачи / универзитетски професори активни на полето на сиромаштијата, исклученоста и образованието, како и носители на политики / претставници на централната и локалната власт.

Националната коалиција треба да го збогати проектот со директни сознанија за потребите и спецификите и обезбеди различни гледишта на проблематиката. од членовите се очекува да:

  • пружат инпути и повратни информации во клучните проектните активности и резултати;
  • ги промовираат прашањата кои се третираат во проектот и самиот проект, неговите активности и резултати;
  • ја развиваат соработката меѓу клучните засегнати страни и стручни лица кои работата на оваа проблематика во земјата;
  • се залагаат и застапуваат за промени во политиките;
  • учествуваат во пет состаноци на националната коалиција и во завршната национална конференција.

Ве покануваме да станете член на оваа национална коалиција и да придонесете за подобрување на состојбите во земјата. Дoколку сте заинтересирани за учество , Ве молиме да ја пополните пријавата која можете да ја најдете ТУКА и да ја доставите до до 20 мај 2021 до Questo indirizzo email è protetto dagli spambots. E' necessario abilitare JavaScript per vederlo..

За состојбата во земјата

Прашањето на сиромаштијата и учениците кои таа ги погодува бара еден комплексен и мултидимензионален пристап. За да се соберат потребните сознанија, се подготви анализа на документи и политики поврзани со прашањето на рамноправност и се спроведоа консултации, фокус групи и интервјуа со релевантни институции и експерти, носители на политики, училишни директори, стручни служби, ученици, родители и граѓански организации. Собраните податоци, сознанија и мислења се преточија во национални извештаи за секоја до земјите учеснички во проектот кои можете да ги најдете ТУКА.

Врз основа на анализата спроведена во Северна Македонија, подложни на најголем ризик од сиромаштија се семејствата со двајца возрасни и три или повеќе деца, самохраните родители со деца и невработените. Ранливи групи се исто така Ромите, луѓето во руралните краишта, луѓето со низок социо-економски статус и лицата си посебни пречки. Прашања кои итно бараат внимание се вклученост на родителите,  поддршка за ранливите групи и меѓу-секторска соработка.

За да можат проектните активности да придонесат за справување со овие прашања, потребна ни е помош од искусни и ангажирани претставници на засегнатите страни, вклучени во донесувањето политиките и нивната примена во практиката, и поради тоа би сакале да Ве поканиме да се вклучите во националната коалиција за Северна Македонија, како искусни стручњаци од следниве полиња на надлежности и експертиза:

  • претставници на министерства, агенции, бироа и други државни установи кои работат во поддршка на наставниците, стручните служби и директорите;
  • претставници на локалната власт;
  • претставници на граѓанското општество кои работат со ранливи групи (деца и родители, особено со низок социо-економски статус, со посебни потреби, од рурални подрачја, Роми), наставници и раководители;
  • истражувачи на полето на сиромаштија, инклузивните политики и практики и образованието.

PARTNERËT

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Надеж EU DIC Биро за развој на образованието