КОМПОНЕНТА 4:
Дигитални ресурси за учење
Повеќе од јасно е дека во оваа технолошка ера, дигиталните и социјалните медиуми играат огромна улога во секојдневието на учениците. Затоа, оваа компонента од проектот креира и адаптира материјали за учење на мајчин јазик и математика, во форма на аудио книги, сликовници, игри и поттикнува користење на ИКТ при изучувањето на мајчин јазик и математика. На тој начин ги користиме дигиталните ресурси и технологијата за да ги доближиме наставните содржини до учениците, користејќи го јазикот кој тие денес многу вешто го говорат – јазикот на технологијата.
Во рамки на оваа компонента изработени се дигитални ресурси за учење кои се достапни во нашата дигитална Библиотека, и тоа:
- електронски книги за деца во PDF формат на македонски, албански и турски јазик
- аудио-дигитални книги за деца на македонски и албански јазик кои интегрираат слика и нарација која ја читаат наши познати актери
- книги за деца толкувани на знаковен јазик за корисници со оштетен слух
- електронски активности во форма на едукативни игри
https://stepbystep.org.mk/4#sigProId03787edfbb
Освен ресурсите во дигитална форма, проектот подготви збирка од 20 наслови сликовници „Нашата прва библиотека“ на македонски јазик и истата ја дистрибуира до сите училници од 1-3 одделение, сите училишни и јавни библиотеки во државата. Целта е да постигнеме поголема достапност за младите ученици и да ја негуваме љубовта кон книгите во традиционална, печатена форма и во ерата на технологијата.
Во рамки на оваа компонента се подготви и спроведе обука за користење на ИКТ при подучувањето на мајчин јазик и математика во почетните одделенија. На оние наставници кои сакаат да создадат дигитални наставни содржини, им нудиме поддршка при користење на некој од многубројните отворени извори достапни онлајн. Ги собираме и споделуваме и нивните подготовки за час на кој ги користат дигиталните сликовници објавени преку нашиот проект.
_________________________________________________________