КОМПОНЕНТА 3:
Заедници за учење
Нашата прва асоцијација за „професионален развој“ се формални процеси како конференции, обуки или работилници. Сепак, соодветни прилики за професионален развој се и неформалните дискусии со колегите, самостојното истражување, набљудувањето часови, како и други начини на учење од колегите. Токму ова е основната идеја на заедниците за учење кои ги воведува Проектот „Со читање до лидерство“. Тие се слободен простор за наставниците и останатиот училишен кадар, за разменување идеи и искуства и работа на развојни активности насочени кон подобрување на раната јазична и матаматичка писменост. Процесот на учење во секоја од заедниците го води ментор назначен од проектот.
https://stepbystep.org.mk/3#sigProIdb3ce702f78
Понатаму, заедниците за учење излегуваат и пошироко од самото училиште, станувајќи дел од поширока, регионална мрежа на заедници. Силата на заедниците за учење е во нивниот едноставен, но одржлив модел, во рамките на кој самите членови претставуваат извор на професионалниот развој и подобрување на наставната пракса.
Во рамки на оваа компонента издаден е прирачник кој има за цел да го опише концептот на заедницата за учење и ги нуди сите потребни насоки и материјали за формирање и одржување на една заедница за учење во рамки на училиштето. Прирачникот на македонски јазик е достапен ТУКА, а Фондацијата „Чекор по чекор“ стои на располагање за дополнителна поддршка на сите училишта кои се заинтересирани да формираат заедници за учење.
_________________________________________________________