ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ

Проектот „Зајакнување на улогата на граѓанското општество во осигурувањето рамноправност и квалитет во предучилишното образование, воспитание и згрижување (3Е)“ е финансиски поддржан од Европската Унија преку програмата за Зајакната вклученост на граѓанското општество во реформите за интеграција во ЕУ - Национална програма за поддршка на процесот за транзиција и градење на институции 2013, (ИПА), а го спроведува Фондацијата за образовани и културни иницијативи Чекор по чекор – Македонија во партнерство со невладините организации ЦСИ Надеж од Скопје и Биро Мутант од Холандија.

Проектот се спроведува од декември 2017 до февруари 2019 г. и се очекува директно да придонесе кон Владините напори за подобрување на соработката со граѓанското општество преку поддржување на конструктивен дијалог меѓу различните засегнати страни, преку градење на капацитети и познавања кај граѓанското општество за неговата улога во осигурувањето квалитетни услуги за граѓаните и зајакнување на јавната свест за важноста на посетување на установи и програми за предучилишно образование, воспитание и згрижување. Активностите вклучуваат адаптација на политиките на ЕУ и пилотирање на локално прилагодени практики, градење на капацитетите на давателите на услуги (установи и поединци) и на граѓанското општество, како и подигање на свеста на сите вклучени и одговорни лица за важноста од сеопфатен конструктивен пристап кон осигурување квалитет кој ги опфаќа сите аспекти на предучилишното образование, воспитание и згрижување, и ги вклучува сите национални и локални засегнати страни, особено граѓанското општество и директните корисници.

ПАРТНЕРИ на ECEC

       eu za tebe     eu flag      
  Надеж     mutant