Образовна поддршка

Во рамки на Проектот „Зајакнување на капацитетите и свеста за демократија кај Ромите преку образование“, во дневните центри се организираат активности за унапредување на вештините на децата на предучилишна возраст и нивно подготвување за тргање на училиште, како и поддршка на децата кои веќе се на училиште и тоа:

  • Програма за читање и учење која во голема мера е базирана на националните стандарди за рано учење и развој, како и наставните програми за 1-7 одделение во основните училишта во училиштата. За поголема ефикасност на овие програми, тие ќе бидат адаптирани врз основа на наодите од студијата на почетната состојба, со цел тие подобро да одговорат на образовните потреби на децата вклучени во програмата.
  • Активности за деца на предучилишна возраст со кои ќе се работи во едукативни центри, од страна на обучени едукатори. Активностите се одвиваат секојдневно со времетраење од 3-4 часа и се насочени пред сѐ на деца од најранлива категорија и деца кои не се вклучени во други дневни центри и програми за едукација. Целта на овие активности е едукација и подготвување на децата за тргнување на училиште.
  • Дополнителна настава и поддршка при пишување домашно исто така ќе биде понудено за учениците од основните училишта кои се дел од оваа програма. Овие активности се одвиваат редовно во дневните центри.
Надеж