ВКЛУЧЕТЕ СЕ

Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство’’ нуди интерактивни и креативни активности за да се вклучите и да придонесете во подобрување на јазичните и математичките вештини на младите ученици.

Ако сте родител

Семејството го има првото и најтрајно влијание врз развојот на детето. Можете да му помогнете на своето дете со тоа што ќе го поддржите во учењето на училиште и ќе учите со него дома. Затоа:

  • Читајте заедно со вашето дете секој ден и поттикнувајте го да чита со вас. Кликнете тука за да симнете насоки за читање и читачки дневник за прочитаните книги. 
  • Вие сте пример за Вашето дете – нека Ве гледа почесто како читате и чувајте книги и списанија во Вашиот дом.
  • Изработувајте сликовници заедно со вашето дете, од материјали кои ги имате во домот. Кликнете тука за да симнете насоки за изработка на сликовници. 
  • Редовно следете го делот Новости и настани од нашата интернет страница за навремено да се информирате за сите планирани активности на проектот.
  • Посетете ја нашата електронска Библиотека и преземете материјали и активности.

Ако сте постар брат/сестра или друг член од семејството на млад ученик

  • Трудете се што почесто заедно да читате сликовници и книги.
  • Поттикнете го да чита за Вас.
  • Заедно посетувајте библиотека.
  • Подарувајте му сликовници и книги за роденден и останати пригоди.
  • Користете ја секоја прилика да проверите низ забава колку напреднал во читање и математика.
  • Следете го делот Новости и настани од нашата интернет страница за да се информирате и да проследите некој од настаните организирани од нашиот проект.
  • Посетете ја нашата Библиотека и преземете материјали и активности.

Ако сте претставник од училиште

  • Редовно следете го делот Новости и настани од нашата интернет страница за навремено да се информирате за сите планирани активности на проектот
  • Посетете ја нашата Библиотека и преземете материјали и активности.

Ако сте претставник од заедницата

  • Редовно следете го делот Новости и настани од нашата интернет страница за навремено да се информирате за сите планирани активности на проектот
  • Посетете ја нашата Библиотека и преземете материјали и активности.

И во случај да Вашето училиште не е одбрано за директно вклучување во една од трите фази на проектот, сепак постои можност за вклучување во нашите активности. Нашата Библиотека на тркала и Читачкиот караван може да го посетат и Вашето училиште и локална заедница. Доколку сте заинтересирани да се вклучите во овие активности, контактирајте ја Ана Димовска:

e-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
телефон: + 389 2 30 77 900
моб: +389 72 30 73 29

или пополнете и испратете го формуларот за контакт подолу: 

captcha
Обнови

_________________________________________________________

 

Информациите на оваа интернет страница не се официјални информации на Владата на Соединетите Американски Држави и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на САД.

ПАРТНЕРИ НА ПРОЕКТОТ

 

USAID MON logo DIClogo
 Градска Библиотека Скопје Биро за развој на образованието MKC logo