nepc

BRAVEdu – Улогата на образованието во рушење на табуата за сиромаштија

Проектот BRAVEdu „Улогата на образованието во рушење на табуата за сиромаштија“,  кој го реализира Мрежата на центрите за образовни политики од Загреб, NEPC (Network for education policy centers)  заедно со Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“, Форумот за слобода во образованието од Хрватска, ( Forum for freedom in Education) Институтот за образовни истражувања од Словенија (Educational Research Institute) I Praxis од Естонија. https://www.edupolicy.net/2017/09/14/bravedu-new-project-at-nepc/, e финансиран од програмата Еразмус +, Клучни акција 2 на Европската унија. Овој проект се темели на фактот дека сиромаштијата и социјалното исклучување ги ограничуваат можностите на поединците да ги постигнат своите целосни потенцијали и влијаат врз нивната добросостојба и нивните резултати во образованието.

Извештаите и резултатите на ПИСА 2015 потврдуваат дека социоекономскиот статус на учениците има значајно влијание врз резултатите на учениците, и дека многу е поверојатно  постигнувањата  на оние ученици кои доаѓаат од домаќинствата со низок социо економски статус да бидат послаби.

Главната цел на Проектот BRAVEdu е да се зајакне капацитетот на училиштата за поддршка на учениците од семејства со низок социоекономскиот статус во учењето и во активното учество во училишниот живот и постигнувањето подобри резултати од учењето. Ќе бидат истражувни и анализирани политиките и практиките што се спроведуваат во Естонија, и што е тоа што  овозможува сериозно да се намали влијанието на нискиот социоекономскиот статус врз постигањата на учениците.

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Надеж EU DIC Биро за развој на образованието