Специфична цел 2

Засилување на образовната и работната инклузија на младите со попреченост преку ангажирање и зајакнување на капацитетите на младите за застапување и лобирање, и подигање на свеста за инклузија на млади кои се во и вон образовниот процес, во програми за образование и стекнување на вештини за вработување.

 ПРОЕКТНИ АКТИВНОСТИ

Зајакнување на капацитетите на ученички тела во средните училишта преку обука на ученици со и без попреченост

Во периодот од ноември 2018 – април 2019 беше одржан циклус обуки за претставниците од ученичките тела во проектните средни стручни училишта во 6те партнерски општини. Првите две обуки беа спроведени од страна на Антонио Даниловски и Мартина Илиевска кои имаат големо искуство во доменот на средношколско организирање, а последната обука беше реализирана од обучувачите прим. д-р Мери Бошковска, психијатар за деца и млади и сертифициран обучувач за социјална правда, и универзитетскиот професор Љуљзим Адеми.  Спроведените обуки беа на тема „Партиципативно лидерство и донесување одлуки“, „Застапување и лобирање“  и „Социјална правда и почитување на разликите“.  Обуките имаа за цел да ги запознаат учениците од средните училишта со системите на донесување одлуки во нивното училиште и општина,  со процесот на застапување и спроведување на иницијативи, како и решавање конфликти и справување со негативни емоции и насилство, предрасуди и стереотипи, како и почитување на различностите меѓу луѓето со акцент на инклузијата на лицата со попреченост. Преку обуките учениците имаа можност да ги подобрат своите вештини за самозастапување и да ги подобрат инклузивните капацитети на своите училишта.

 

Поддршка на вон-школски и вон-наставни активности и секции во средните училишта

Ученичките инклузивни клубови работат на поголемо вклучување на младите со попреченост и подобрување на пристапот за овие лица, со што го промовираат концептот на инклузивни партнерства и градење отворена и одговорна средина која овозможува секоја индивидуа во целост да го исполни својот потенцијал. Проектот дава поддршка на 18 ученички клубови кои реализираат вон-школски и вон-наставни активности. Во табелата подолу може да се види кои клубови функционираат во нашите партнерски училишта.

Училишта

Секции/клубови

СОУ „Перо Наков”, Куманово Секција за дизајн на облека
Спортска секција
Еколошка секција
ССОУ „Киро Бурназ“, Куманово Секција за хортикултурно уредување
Спортска секција
Фризерска секција
ССОУ „Гимназија Кочо Рацин“ и ПОУ „Маца Овчарова“, Велес Креативен уметнички клуб
Клуб на млади актери и творци на мајчин јазик
Клуб на информатичари и графички дизајнери
СОТУ „Гостивар“, Гостивар Електро клуб
Машински клуб
Клуб за архитектура и рачни изработки
СУГС „Георги Димитров“, Скопје Хортикултурна секција
Еколошка секција
СОТУ „Ѓоце Стојчески“, Тетово Уметнички клуб
Текстилен клуб
СОУ „Јане Сандански“, Струмица ортикултурна секција
ООУ „Христијан Карпош“, Куманово Клуб на пријателство
ООУ „Браќа Миладиновци“, Куманово

 

Од работата на клубовите произлегоа најразлични финални продукти (модни креации, видео игра прилагодена за ученици со попреченост, драматизација и подготовка на промотивно видео, прототип на автомобил на соларен погон, кампања за подигнување на свеста за инклузијата, календар со силни еко пораки, цветни и украсни аранжмани, и сл.).



Организирање национален настан за презентирање на творбите подготвени во рамки на вон-наставните активности и секциите и спроведување кампања за подигање на свеста за придобивките од инклузивно образование

На 10 декември 2019 г. во МКЦ беше организиран настан за презентирање на работата и финалните продукти изработени од 18 ученички клубови поддржани од Проектот. Спортските, еколошките, хортикултурните, информатичките, дизајнерските и другите клубови го покажаа високиот креативен потенцијал на учениците со и без попречености. На изложбата беа претставени уметнички слики, експонати, декоративни кутии, украси и предмети за практична употреба во канцелариско работење. Околу 200 посетители на настанот, имаа можност да присуствуваат на презентацијата сите овие изработки, како и на презентирањето на прототипот на соларен автомобил, видео играта прилагодена за ученици со попреченост, и на модната ревија на која беа претставени креации изработени од учениците од овие клубови. Учениците ги презентираа своите креативни и уникатни дизајни, инспирирани од позитивните искуства за поддршка и соработка, наспроти предизвиците на дискриминација и маргинализација на лицата со попреченост. Целта на настанот беше унапредување на јавната свест за инклузија преку прикажување на високиот креативен потенцијал на ученици со и без попречености од овие клубови за воннаставни активности и рекреација.

Во декември 2019г. во текот на 18 последователни дена, беше реализирана онлајн кампања под наслов „Инклузија е...“. Во рамки на кампањата секој ден беше промовиран по еден ученички клуб кој преку специфична порака и слика го претставуваше своето разбирање за инклузијата. 

 

Циклус обуки за млади и невработени лица со попреченост

Од март до октомври 2019 г. беа организирани шест обуки за млади и невработени лица со попреченост. Обуките ги реализираше обучувачот Адем Идризи, според модулите за лидерство, законска регулатива за лицата со попреченост, вештини за барање работа и решавање проблеми, подготовка на CV и мотивациско писмо, деловна комуникација, тимска работа и управување со финансии. Секоја обука беше спроведена во пет последователни дена.

Преку обуките, младите со попреченост кои се во образовниот процес но, и надвор од него, имаа можност да се оспособат со вештини за вработување и да ги подобрат своите меки вештини при барање работа и претставување пред потенцијални работодавачи, а истовремено да се запознаат со тоа што значи деловна етика и кои се законските олеснувања и активните мерки за вработување на лица со попреченост.

 

Обука за кариерно советување на ученици и млади со попреченост за вработување

Во февруари 2019 г. во Хотел „Гарденија“- Велес се реализираше тридневна обука за кариерно советување на лицата со попреченост. На оваа обука присуствуваа претставници од Агенцијата за вработување, проектните основни и средни училишта и од невладините организации вклучени во Проектот.

Обуката ја реализираа Васка Драшковиќ и Адем Идризи. На оваа обука беа опфатени аспекти од кариерното советување наменети за лица со попреченост. Во рамки на оваа обука учесниците беа запознаени со тоа каков вид проценки им се потребни за лицето кое го советуваат, со цел истото да ги согледа своите капацитети и можности, за да може да побара и да добие поуспешно и поодржливо вработување во посакуваната сфера. Темите застапени на обуката беа: комуникациски вештини, активно слушање, принципи на советување, определување на личните вредности, карактеристики и афинитети, поставување лични цели (краткорочни и долгорочни), подготовка за интервју и пишување лична биографија. Преку оваа обука учесниците се здобија со пакет инструменти кои треба да им помогнат ним како кариерни советници, а на корисниците да им овозможат индивидуализиран пристап со цел нивно оптимално вработување.

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Save the children EU DIC Биро за развој на образованието