Можности за соработка

Барање за прибирање понуди за набавка на таблет компјутери 

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ преку Проектот
на УСАИД „Со читање до лидерство“ ги повикува сите квалификувани фирми
регистрирани во Македонија да поднесат понуди за набавка на 400 таблет
компјутери.
Почнувајќи од 24.07.2015, потребната спецификација за таблетите може да се
добие во електронска форма, со испраќање е-меил на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
Понудите во затворени коверти треба да бидат доставени до просториите на
Фондацијата на бул. „Партизански одреди“ 72а – мезанин, најдоцна до
07.08.2015 до 15 часот. Телефон за контакт: 02/ 3077 900. 
                                                        _____________________________________________________________

Барање за прибирање понуди за печатење детски сликовници
Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ преку Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ ги повикува сите квалификувани фирми регистрирани во Македонија да поднесат понуди за печатење детски сликовници.
Почнувајќи од 24.07.2015, потребната спецификација за печатење може да се добие
во електронска форма, со испраќање е-меил на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
Понудите во затворени коверти треба да бидат доставени до просториите на
Фондацијата на бул. Партизански одреди 72а – мезанин, најдоцна до
07.08.2015 до 15 часот. Телефон за контакт: 02/ 3077 900. 

_____________________________________________________________

Оглас за ангажирање на експерт/и за Проектот „Подобро родителство за подобар успех на ромските деца“

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ - Македонија има потреба од Експерт/експертски тим за изработка на Завршна евалуација на проектот „Подобро родителство за подобар успех на ромските деца“ - Јакнење на капацитетите на Ромските родители и едукатори за успешен ран детски развој.
Овој оглас е отворен само за државјани на Р. Македонија.
Кандидатите треба да достават ги достават бараните документи на следниве адреси: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
- ажурирана професионална биографија, и
- предлог буџет со динамика на активности

Крајниот рок за доставување на апликациите е 15.06.2015 до 12 часот.

Главни задолженија и обврски
Завршната евалуација има за цел да ја утврди ефективноста на проектната интервенција преку утврдување и вреднување на оствареноста на проектните цели.

Цели на ангажманот:

  • да ги утврди промените во политиките кои го условуваат раниот детски развој на ромските деца
  • да го утврди напредокот кај проектните партнери како резултат на обуката и поддршката, со акцент на нивните компетенции и работни практики
  • да го утврди напредокот на децата корисници и степенот до кој проектот влијаел врз овој напредок
  • да ги утврди промените во сознанијата, вештините и ставовите на родителите степенот до кој проектот влијаел врз овие промени
  • да даде препораки за идни активности за одржување унапредување на ефектите на проектот.

Предвидени активности: 

  • преглед на документацијата на проектот (Иницијална студија, месечни извештаи, периодични извештаи, детски портфолија, програмски и тренинг материјал)
  • изготвување на инструменти, прашалници и протоколи за интервјуа, фокус групи и анализа на документацијата 
  • спроведување на анкета, интервјуа, фокус групи со различни учесници, корисници и засегнати страни
  • подготвување на Извештај од евалуацијата на македонски и англиски јазик.

Место на спроведување на активностите: Скопје, општина Шуто Оризари

Одговорно лице: Проектен координатор
Временска рамка: 20 август – 20 октомври 2015
Барани квалификации:

Образование на експертот/експертскиот тим: најмалку втор циклус образовни науки, со стручност во подрачјата: истражувачки постапки, педагогија, андрагогија, психологија и/или социјална работа, и со владеење на англискиот јазик.

Претходно искуство на експертот/експертскиот тим:

  • искуство во проекти од областа на раниот детски развој
  • искуство во проекти од областа на образованието на децата и семејствата Роми
  • искуство во проекти од областа унапредување на јазичните компетенции
  • искуство во подготвување на евалуации
  • искуство во пишување извештаи.


Критериуми за оценување на апликациите:
Апликантите ќе се оценуваат врз основа на исполнување на бараните критериуми, при што техничките критериуми на апликацијата ќе сочинуваат 70% а финансиските критериуми 30% од конечната оценка.
За подетални информации околу проектот обратете се до Проектниот координатор на следнава адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Надеж EU DIC Dendo