Втор извештај за малцинства и дискриминација во ЕУ на Европската агенцијата за фундаментални права

Европската агенцијата за фундаментални права го објави вториот извештај за малцинства и дискриминација во ЕУ кој се заснова на интервјуа со 26 000 лица со статус на бегалци или лица со малцинско потекло. Како дел од извештајот, интервјуирани се и 8000 Роми со што се собрани податоци за скоро 34 000 лица кои живеат во ромски домаќинства. Извештајот од истражувањето за состојбата на Ромите можете да го симнете тука
Со овие извештаи, Агенцијата за фундаменталните права на ЕУ се стреми да собере и објави релевантни и компаративни податоци за групите граѓани кои не се опфатени во истражувањата на општата популација. Овие извештаи треба да послужат за преиспитување и подобрување на јавните политики насочени не само кон Ромите, туку кон сите групи граѓани кои живеат на маргините од општеството. Првиот извештај за малцинства и дискриминација во ЕУ, Агенцијата го објави во 2008 година.

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Save the children EU DIC Биро за развој на образованието