Во Ц.С.И. Надеж есенските лисја се претворија во животни!

Во месец октомври организиравме неколку креативни работилници за да го прославиме доаѓањето на есента. Ги поканивме родителите, бабите и дедовците на нашите ученици за да ни помогнат во изработувањето на разни животни со помош на паднатите лисја кои ги собиравме од под дрвјата. Учениците од едукативниот центар изработија преслатки буфчиња а најмалите дечиња од претшколскио центар изработија ежиња, птици, елени, мечки и пеперутки. Си поминавме многу убаво, многу се смеевме и сите родители и деца се вратија дома насмеани. Погледнете ги сликите за да видите што тие изработија.

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Save the children EU DIC Биро за развој на образованието