Последниот ден за дечињата во нашиот предучилишен центар

Денес беше последниот ден за дечињата во нашиот предучилишен центар. Како награда за нивниот труд добија дипломи за стекнатите знаења и вештини во текот на годината. Но, тоа не значи разделба. Тие ќе продолжат да ги подобруваат нивниот успех на училиште со помош на едукаторите од нашиот едукативен центар. По повод почетокот на новата учебна година, денеска во Надеж на децата им беа поделени ранчиња со училишен прибор. Новите првачиња беа свечено пречекани во едукативниот центар со многу музика, игра и безброј насмевки. Децата, пак, од едукативниот центар во нивна чест подготвија свечена приредба за добредојде на новите другарчиња и им поделија честитки на новите дечиња изработени со нивните рачиња со желба за добар успех и заедничко дружење.

 

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Save the children EU DIC Биро за развој на образованието