Три повици за фасилитатори и обучувачи

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ - Македонија со поддршка на “Save The Children International” – Косово и Шведската Интернационална Агенција за развој ќе го реализира пилот проектот „И јас имам глас“, со цел градење на капацитети на децата и младите за активно и одговорно граѓанство. Проектот исто така ќе помогне да се подигне јавната свест за важноста на проактивното почитување на правата на децата. Проектот се реализира во рамките на Регионалниот проект за создавање одговорен систем кој ќе овозможи механизми за спроведување на правата на децата, во периодот 2018-2021 година.

Преку активностите кои ќе се реализираат во проектот, учениците ќе можат да преземат активности за изразување на своето мислење и подобрување на состојбите кои ги засегаат нив и нивните врсници, преку учество во секции и клубови и ќе се гради училишна клима која промовира соработка со и заштита на децата.

Повикот е отворен за експерти, обучувачи, фацилитатори за следниве активности кои ќе бидат реализирани во проектните основни училишта под слоганот „И јас имам глас!“:

Позиција: обучувач за врсничко насилство и подготвување на училишна политика на 0-толеранција на врсничко насилство и насилство врз децата и подготвување активности за спречување на насилство врз децата во општината/заедницата.

 

Цел на ангажманот:

Активностите во рамките на оваа обука ќе се фокусираат на обезбедување на деца на возраст од 10-15 години со училишна средина без насилство, како и информации и вештини како да се заштитат и што да прават ако се соочуваат со директно или онлајн малтретирање. За спроведување на работилниците, Фондацијата ќе ангажира 2 обучувачи.

Главни задачи на обучувачите се:

  • Подготвување агенда за работилниците како и помошни материјали за истата;
  • Подготовка на краток опис на планираните активности;
  • Реализирање четири еднодневни работилници со наставници и стручни служби за примена на политика на 0-толеранција на врсничко насилство и насилство врз децата;
  • Реализирање четири еднодневни работилници со ученици за примена на политика на 0-толеранција на врсничко насилство и насилство врз децата;
  • Реализирање четири еднодневни работилници со локална самоуправа и установи за спречување на насилство врз децата во општината/заедницата;
  • Реализирање четири еднодневни работилници со родители за спречување на насилство врз децата во општината/заедницата
  • Доставување целосна документација по спроведената активност до канцеларијата на Фондацијата (извештаи, списоци за присуство, евалуации, фотографии, видео записи и други изработки од учениците. Форматот за извештајот, списоците за присуство и евалуациите и ќе бидат обезбедени од проектниот тим).

Место на спроведување на задачата: локално, во четири основни училишта во Скопје, Тетово и с. Драгоманце- Старо Нагоричане.

Временска рамка: февруари 2020 – септември 2020

Барани квалификации и услови за работа:

  • Образование: прв циклус образование во општествени, образовни или медицински науки, педагогија или психологија; втор циклус студии ќе се смета за предност;
  • Флексибилност за работа преку викенди и патување во СРМ;
  • Флексибилност за повремени посети на училиштата;
  • Докажани вештини за спроведување практични обуки и работилници;
  • Вештини за пишување и навремено испорачување на концизни и информативни извештаи.

Претходно искуство:

  • Претходно искуство во спроведување обуки со наставници и ученици од основни училишта.
  • Претходно искуство во осмислување на обуки за ученици и наставници на полето на социјалната правда и детските права.
  • Претходно искуство во осмислување и спроведување обуки за ученици и наставници на полето на врсничко насилство.

Вештини и способности:

  • Добри комуникациски вештини
  • Компјутерски вештини (користење на MS Office и други мултимедиски програми)
  • Возачка дозвола.

 

Овој оглас е отворен за сите државјани на Р. С. Македонија. Фондацијата „Чекор по чекор“ не поддржува дискриминација по било која основа. Ги покануваме заинтересираните кандидати да достават изјава за интерес и ажурирана професионална биографија на следнава адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Крајниот рок за доставување на апликациите е 25.02.2020 до 14 часот.

 

Позиција: фасилитатори за одржување на драмски работилници на темите „Мојот глас во училиштето“, „Мојот глас во заедницата“ и „Мојот глас во општеството“.

Цел на ангажманот:

Овие активности ќе се фокусираат на организирање на можности за градење на креативни и критички вештини кај учениците од повисоките одделенија од четири проектни училишта за идентификување на проблеми, презентирање на можни решенија и подигање на свеста за прашања кои ги засегаат преку креативни активности и преземање акција поврзана со прашања кои ја загрозуваат безбедноста на децата. За спроведување на активностите, Фондацијата ќе ангажира до 3 фасилитатора.

Главни задачи на фасилитаторите се:

Организирање на вкупно 16 работилници во 4 училишта за Подигање на свеста преку драмски активности, вклучувајќи:

  • Подготвување агенда за активностите како и помошни материјали за истата;
  • Подготовка на краток опис на планираните активности;
  • Реализирање драмски активности според погоре наведениот опис;
  • Доставување целосна документација по спроведената активност до Фондацијата (извештаи, списоци за присуство, евалуации, фотографии, видео записи и други изработки од учениците. Форматот за извештајот, списоците за присуство и евалуациите и ќе бидат обезбедени од проектниот тим)

Место на спроведување на задачата: локално, во четири основни училишта во Скопје, Тетово и с. Драгоманце- Старо Нагоричане.

Временска рамка: март 2020 – декември 2020

 

Барани квалификации и услови за работа:

  • Образование: прв циклус образование во општествени науки; ќе се смета за предност доколку кандидатите имаат образование од областа на драмската и ликовната уметност, мајчиниот јазик, новинарството, педагогијата или психологијата. Кандидатите ќе треба да докажат дека имаат соодветни компетенции и искуство во организација на драмски активности.
  • Искуство во работа со претставници на граѓанскиот сектор и на образовни институции.

Претходно искуство:

  • Претходно искуство во спроведување креативни работилници со ученици од основни училишта.
  • Вклученост во работилници за развивање активизам и вклучување на децата во процесот на донесување одлуки.

Вештини и способности:

  • Добри комуникациски вештини
  • Компјутерски вештини (користење на MS Office и други мултимедиски програми).

Надгледувањето на реализирањето на активностите го врши проектниот тим.

Овој оглас е отворен за сите државјани на Р.С. Македонија. Фондацијата „Чекор по чекор“ не поддржува дискриминација по било која основа. Ги покануваме заинтересираните кандидати да достават изјава за интерес и ажурирана професионална биографија на следнава адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Крајниот рок за доставување на апликациите е 06.3.2020 до 14 часот.

 

Позиција: фасилитатор за одржување на ликовно/уметнички и мултимедиски работилници (ликовни трудови, литературни дела, новинарски напис и други форми на изразување) на темите: „Мојот глас во училиштето“, „Мојот глас во заедницата“ и „Мојот глас во општеството“

 

Цел на ангажманот:

Овие активности ќе се фокусираат на организирање на можности за учениците од повисоките одделенија од четири проектни училишта за градење на креативни и критички вештини за идентификување на проблеми, презентирање на можни решенија и подигање на свеста за прашања кои ги засегаат учениците преку креирање на ликовни, уметнички, дигитални и други креативни решенија поврзани со детските права и прашањата кои ја загрозуваат безбедноста на децата. За спроведување на активностите, Фондацијата ќе ангажира 1 фасилитатор.

Главни задачи на фацилитаторот се:

Организирање на 32 работилници во 4 училишта за Подигање на свеста преку ликовно/уметничко и мултимедијско творење, вклучувајќи:

  • Подготвување агенда за активностите како и помошни материјали за истата;
  • Подготовка на краток опис на планираните активности;
  • Реализирање работилници со ученичките клубови според погоре наведениот опис;
  • Доставување целосна документација по спроведената активност до Фондацијата (извештаи, списоци за присуство, евалуации, фотографии, видео записи и други изработки од учениците. Форматот за извештајот, списоците за присуство и евалуациите и ќе бидат обезбедени од проектниот тим)

Место на спроведување на задачата: локално, во четири основни училишта во Скопје, Тетово и с. Драгоманце- Старо Нагоричане.

Временска рамка: март 2020 – декември 2020

Барани квалификации и услови за работа:

  • Образование: прв циклус образование во општествени науки; ќе се смета за предност доколку кандидатите имаат образование од областа на ликовната или драмската уметност, мајчиниот јазик, новинарството, педагогијата или психологијата. Кандидатите ќе треба да докажат дека имаат соодветни компетенции и искуство во организација на уметничко-творечки активности.
  • Искуство во работа со претставници на граѓанскиот сектор и на образовни институции.

Претходно искуство:

  • Претходно искуство во спроведување креативни работилници со ученици од основни училишта.
  • Вклученост во работилници за развивање активизам и вклучување на децата во процесот на донесување одлуки.

Вештини и способности:

  • Добри комуникациски вештини
  • Компјутерски вештини (користење на MS Office и други мултимедиски и креативно-уметнички програми).

Надгледувањето на реализирањето на активностите го врши проектниот тим.

Овој оглас е отворен за сите државјани на Р.С. Македонија. Фондацијата „Чекор по чекор“ не поддржува дискриминација по било која основа. Ги покануваме заинтересираните кандидати да достават изјава за интерес и ажурирана професионална биографија на следнава адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Крајниот рок за доставување на апликациите е 25.02.2020 до 14 часот.

 

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Save the children EU DIC Биро за развој на образованието