Повторен оглас за ангажирање на експерт за Проектот „Зајакнување на капацитетите и свеста за демократија кај Ромите преку образование“

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ - Македонија има потреба од Експерт за изработка на Студија за проценка на иницијалната состојба за проектот „Зајакнување на капацитетите и свеста за демократија кај Ромите преку образование“.
Кандидатите треба на следнава адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. да достават:
- мотивациско писмо
- куса предлог методологија со динамика на активности и предлог буџет
- ажурирана професионална биографија во ЕУ експертски формат.
Крајниот рок за доставување на апликациите е 28.03.2016 до 16.30 часот.
Цели на ангажманот
Студијата за иницијалната состојба има за цел да ги утврди потребите на целната група за образование, советување и поддршка, и бариерите и можностите за нивно надминување, како основа на спроведување на програмските активности. Цели на ангажманот се:
- да се утврди општата образовна состојба на ромските деца, жени и семејства – проектни корисници во општините Шуто Оризари и Ѓорче Петров
- да се утврдат карактеристиките, ставовите и перцепциите на корисниците и на засегнатите страни
- да се дадат препораки за осмислување на проектни активности, вклучувајќи цели и содржини
- да се дадат препораки за следење и вреднување на проектниот прогрес и постигања.
Предвидени активности:
изготвување на инструменти и индикатори за утврдување на иницијалната состојба
спроведување на теренското истражување, во кое ќе се вклучени различни засегнати страни, со примена на квалитативни и квантитативни техники
изготвување на инструменти и индикатори за следење и вреднување на проектниот прогрес и постигања
подготвување на Студијата на македонски и англиски јазик.
Место на спроведување на активностите: Скопје
Одговорно лице: Проектен менаџер
Временска рамка: 30 март – 3 мај 2016
Работни денови: 20
Барани квалификации:
Општи барања
најмалку втор циклус образовни науки или еквивалентно на полето на образованието, трет циклус ќе се смета за плус
10 години работно искуство на полето на образование на вулнерабилни групи, ран детски развој и/или образование на возрасни
Специфични барања
- Учество во најмалку 5 истражувачки проекти од областа на образованието
- Учество во најмалку 3 ангажмани за проценка на иницијална или финална проценка на состојбата
- Учество во програм/проекти на полето на вулнерабилни групи, проекти наменети за Роми се сметаат за плус
- Учество во програм/проекти на полето на образование на возрасни, проекти кои третираат описменување на возрасни ќе се сметаат за плус
- Одлични вештини за комуникација, претставување и фасилитирање
- Поседување клучни вредности на анти-дискриминација, непристрасност, еднаков третман, почитување на приватност на информации и доверливост
- Владеење на англискиот јазик, особено пишаниот.
Кандидатите не смеат да имаат никаков судир на интереси.
Критериуми за оценување на апликациите:
Апликантите ќе се оценуваат врз основа на исполнување на бараните критериуми, при што техничките критериуми на апликацијата ќе сочинуваат 80% а финансиските критериуми 20% од конечната оценка

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Надеж EU DIC Биро за развој на образованието