Отворен повик за помлад координатор на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ - Македонија има потреба од 1 помлад координатор за работа на проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“.
Подолу опишаните позиции се наменети само за македонски државјани.
Фондацијата поддржува и промовира еднакви можности за работа и ги охрабрува квалификуваните лица со попречености да се пријават на огласот.
Кандидатите треба да достават кратко мотивациско писмо и ажурирана професионална биографија на следнава email адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Крајниот рок за доставување на апликациите е 24.10.2017 до 10 часот.
Избраните кандидати ќе бидат известени за терминот на интервјуто.

Главни задолженија и обврски:
Обврска на Помладиот координатор е секојдневно да соработува со раководителите на проектните компоненти „Заедници за учење“ и „Вклучување на семејството и заедницата во образовниот процес“, како и со останатите членови на проектниот тим при реализацијата на следниве активности:
 логистика и техничка поддршка при организирањето и реализацијата на менторски средби и мрежни настани,
 логистичка и техничка поддршка при организирањето и реализацијата на читачки сесии, работилници и посети со Библиотеката на тркала,
 логистичка и техничка поддршка при организирањето и реализацијата на јавни настани во рамки на проектот,
 истражување на пазарот за набавка на опрема и услуги неопходни за спроведување на проектот,
 документирање на материјалната контрибуција (cost share) на фондацијата на проектите,
 оддржување на возилата на фондацијата и
 други сродни задолженија.

За својата работа лицето има обврска да подготви и достави месечен работен план и извештај. Планот и извештајот ги подготвува заедно со раководителите на проектните компоненти „Заедници за учење“ и „Вклучување на семејството и заедницата во образовниот процес“.

Барани квалификации:
Образование: ВСС по можност од областа на хуманистичките науки
Познавање странски јазици: англиски јазик (напредно ниво) се развиени комуникациски вештини, читање и пишување. Познавање албански јазик ќе се смета за предност.
Знаење: Разбирање на образовниот систем во Македонија.
Вештини и способности:
Компјутерски вештини (вешто користење на MS Office), познавање и користење на социјалните мрежи за промоција на проектот, комуникациски вештини.
Задолжително е поседување на возачка дозвола (Б категорија - патничко возило и товарно возило – комбе).

Дополнителни информации:
Опрема која ќе се користи: Компјутери и службени возила.
Патувања и прекувремена работа: Повремено патување надвор од канцеларија до сите делови од Македонија и надвор од Македонија ако е потребно.
Конторола: Надгледувањето го вршат со раководителите на проектните компоненти „Заедници за учење“ и „Вклучување на семејството и заедницата во образовниот процес“ и раководителот на проектот.

.Забелешка: Оваа позиција е со можност за полно или половина работно време, во договор со кандидатот.

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Надеж EU DIC Биро за развој на образованието