Отворен повик за обучувач за врсничко насилство за проектот „И јас имам глас“

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ - Македонија со поддршка на “Save The Children International” – Косово и Шведската Интернационална Агенција за развој ќе го реализира пилот проектот „И јас имам глас“, со цел градење на капацитети на децата и младите за активно и одговорно граѓанство. Проектот исто така ќе помогне да се подигне јавната свест за важноста на проактивното почитување на правата на децата. Проектот се реализира во рамките на Регионалниот проект за создавање одговорен систем кој ќе овозможи механизми за спроведување на правата на децата, во периодот 2018-2020 година.
Преку активностите кои ќе се реализираат во проектот, учениците ќе можат да преземат активности за изразување на своето мислење и подобрување на состојбите кои ги засегаат нив и нивните врсници, преку учество во секции и клубови и ќе се гради училишна клима која промовира соработка со и заштита на децата.

Повикот е отворен за експерти, обучувачи, фацилитатори за следниве активности кои ќе бидат реализирани во проектните основни училишта под слоганот „И јас имам глас!“:

Позиција: обучувач за врсничко насилство и подготвување на училишна политика и врсничко насилство во училницата и училиштето, справување со ученици жртви и ученици извршители.

Цел на ангажманот:
Активностите во рамките на оваа обука ќе се фокусираат на обезбедување на деца на возраст од 10-15 години со училишна средина без насилство, како и информации и вештини како да се заштитат и што да прават ако се соочуваат со директно или онлајн малтретирање.

Главни задачи на обучувачите ќе бидат:
• Подготвување агенда за работилниците како и помошни материјали за истата;
• Подготовка на краток опис на планираните активности;
• Реализирање четири еднодневни работилници за врсничко насилство и подготвување на училишна политика;
• Реализирање тридневен семинар за врсничко насилство во училницата и училиштето, справување со ученици жртви и ученици извршители;
• Подготување прирачник за наставници за унапредување на свеста кај учениците за врсничко насилство;
• Доставување целосна документација по спроведената активност до канцеларијата на Фондацијата (извештаи, списоци за присуство, евалуации, фотографии, видео записи и други изработки од учениците. Форматот за извештајот, списоците за присуство и евалуациите и ќе бидат обезбедени од проектниот тим).

Место на спроведување на задачата: локално, во четири основни училишта во Скопје, Тетово и с. Драгоманце- Старо Нагоричане.

Временска рамка: април 2019 – септември 2019

Барани квалификации и услови за работа:
• Образование: прв циклус образование во општествени, образовни или медицински науки, дефектологија или психологија; втор циклус студии ќе се смета за предност.
• Флексибилност за работа преку викенди и патување во РМ;
• Флексибилност за повремени посети на училиштата;
• Докажани вештини за спроведување практични обуки и работилници;
• Поседување добри комуникациски вештини;
• Вештини за пишување и навремено испорачување на концизни и информативни извештаи.

Претходно искуство:
• Претходно искуство во спроведување обуки со наставници и ученици од основни училишта.
• Претходно искуство во осмислување на обуки за ученици и наставници во полето на социјална правда и детски права.
• Вклученост во работилници за развивање активизам и вклучување на децата во процесот на донесување одлуки.

Вештини и способности:
• Добри комуникациски вештини
• Компјутерски вештини (користење на MS Office и други мултимедиски програми)
• Возачка дозвола.

Дополнителни информации:
Кандидатите треба да понудат вкупна цена по која ќе ги подготват и реализираат наведените задачи. Цената се однесува на еднодневен ангажман во траење од 8 работни часа, кој вклучува осмислување и реализирање на активностите во рамки на обуката и поднесување целосна документација за реализираната активност. Цената треба да биде изразена во македонски денари и во бруто износ.
Апликантите ќе се оценуваат врз основа на исполнување на бараните критериуми, при што техничките критериуми на апликацијата ќе сочинуваат 80% а финансиските критериуми 20% од конечната оценка.

Доколку на проектниот тим му се потребни дополнителни информации за кандидатите, истите ќе бидат повикани на дополнителен разговор.
Надгледувањето на реализирањето на активностите го врши проектниот тим.
Овој оглас е отворен за сите државјани на Р. Македонија, без разлика на етничката припадност. Фондацијата „Чекор по чекор“ не поддржува дискриминација по било која основа. Ги покануваме заинтересираните кандидати да достават изјава за интерес и ажурирана професионална биографија на следнава адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Крајниот рок за доставување на апликациите е 11.04.2019 до 14 часот.

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Save the children EU DIC Биро за развој на образованието