Отворен повик за обучувач за кариерно советување за лица со попреченост

Проектот „Инклузивни партнерства со заедниците“ има за цел да го обезбеди правото на пристап кон услуги и да промовира социјална инклузија и инклузија во локалната заедница на лица/млади со попреченост, преку зајакнување на свеста на локално ниво и градење на капацитетите за градење на одржливи, инклузивни локални партнерства.

Цели на обуката:

Планираните обуки имаат за цел стручната служба во училиштето, наставниците, претставниците во агенциите за вработување и претставници од невладиниот сектор да стекнат вештини за индивидуално кариерно советување кај младите со попреченост. На оваа тридневна обука учесниците ќе научат како да им помогнат на младите со попреченост кои се во и вон образовниот систем, да бараат работа и да ја добијат посакуваната работа користејќи индивидуално водење и стандардизирани алатки за самопроцена на кариерниот пат. Учесниците ќе научат како да му помогнат на корисникот да подготви личен кариерен план; план за транзиција од основно во средно образование и од средно кон високо образовани или вработување; поставување на краткорочни и долгорочни цели; како да го користат интернетот за истражување на можности за вработување и/или образование и како да поставуваат одредници за да можат да го следат својот напредок во кариерата. 

Главни задачи на обучувачот:

  • Воспоставување на блиска соработка со Проектниот тим, тимот на обучувачи, учесниците на обуката и останатите засегнати страни
  • Развивање на методологија за партиципативни и интерактивни обуки во соработка со Проектниот тим и останатите тренери. Методологијата треба да содржи:
·       цели на обуките и опис на пристапот и релевантноста на модулите;

·       агенда на обуките;

·       помошни материјали;

·       практична задача и нејзино вреднување;

·       инструмент за евалуација на обуката;

·       извештај од спроведената обука (форматот ќе биде обезбеден од проектниот тим);

  • Обезбедување информации за постоечките регулативи, услуги и барања за активните баратели на работа. Обезбедување контакти, поврзување и комуникација со агенцијата за вработување;
  • Подготовка на модули за индивидуално кариерно советување со цел правилно избирање на кариера за лица со попреченост.

Целна група: стручната служба во училиштето, наставниците, претставниците во агенциите за вработување и претставници од невладиниот сектор.

Времетраење на ангажманот: 3 дена

Временска рамка: Јануари –Април 2019

На крајот на обуката учесниците ќе умеат:

  • Да користат алатки за проценка на потребите и умеењата на лицата кои ќе ги советуваат за избор на кариера (имајќи ја предвид нивната попреченост);
  • Да изготвуваат индивидуален кариерен план за корисниците;
  • Да им помогнат на корисниците успешно да бараат можности за работа;
  • Да им помогнат на корисниците да се подготват за аплицирањето и/или работното место;
  • Да им помогнат на корисниците да направат транзиција од основно во средно училиште и од средно на факултет или на работното место;
  • Да им помогнат на корисниците успешно да одговорат на прашањата на интервју;
  • да поттикнат поголема самодоверба и чувство на самопочитување и остварување кај корисниците;


Барани квалификации и услови за работа:

  • Прв циклус студии во општествени науки. Кандидатите кои немаат соодветно образование, ќе треба да презентираат соодветни квалификации и повеќегодишно работно искуство.
  • Искуство во образовна, социјална или трудова инклузија и посредување во барање на работа
  • Искуство во работа со граѓански организации, образование и пазарот на труд;
  • Искуство во работа со инклузија на лица со попреченост (најмалку 3 години);

·       Искуство во развивање модули и спроведување обуки (барем 5 спроведени обуки); 

Ги охрабруваме лицата кои ги исполнуваат критериумите и имаат попреченост да аплицираат на овој оглас. 

Овој оглас е отворен само за државјани на Р. Македонија. Ги покануваме заинтересираните кандидати да достават изјава за интерес и ажурирана професионална биографија на следнава адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  Крајниот рок за доставување на апликациите е 19.12.2018 до 12:00. 

        

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Надеж EU DIC Биро за развој на образованието