Отворен повик за формирање на дата база на програмски експерти за Проектот „Зајакнување на капацитетите и свеста за демократија кај Ромите преку образование“

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ - Македонија има потреба од повеќе експерти кои ќе соработуваат при изведување на едукативни, информативни и креативни работилници и сесии во рамки на проектот „Зајакнување на капацитетите и свеста за демократија кај Ромите преку образование“:
Позиција 1: Експерт за обработка на теми од важност за подигање на капацитетите и свест на Ромите за образование и демократски права (повеќе позиции)
Позиција 2: Експерт за организирање на Читачко катче за жени и девојки Ромки
Овој оглас е отворен само за државјани на Р. Македонија.
Кандидатите треба на следнава адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. да достават:
- ажурирана професионална биографија
- мотивациско писмо со назначена тема за која конкурирате (може да се пријавите за повеќе теми).
Крајниот рок за доставување на апликациите е 03.02.2016 до 12 часот. Рокот е продолжен до 18 март 2016 година. 
Задолженија и обврски
Позиција 1: Подобрување на информираноста, знаењата и вештините кај ромските жени и девојки преку:
Спроведување на 6 информативно/едукативни сесии на зададена тема во траење од 1,5 часа во тек на еден месец
Подготовка на материјали.
Темите кои ќе се обработуваат се следниве:

  • развивање на креативноста кај децата
  • специфики на учењето кај децата од 1-7 одд.
  • развојни карактеристики на децата на предучилишна возраст
  • вештини за подобро родителство
  • нови регулативи и барања во областа на социјалната заштита
  • правни прашања кои ги регулираат правата на малцинствата (Декада на Ромите)
  • правно регулирање на здравствената заштита
  • правни прашања кои ги регулираат детските права
  • правни прашања кои ги регулираат женските права
  • достапност и пристап до институции, потребна документација по сектор
  • посебни психолошки проблеми кај девојчиња во пубертет
  • безбедно раѓање и мајчинство
  • здравствени проблеми и потреби кај возрасни жени
  • здравствени проблеми и потреби во пубертетскиот период
  • здравствени проблеми и потреби кај деца на училишна возраст
  • здравствени проблеми и потреби кај деца на предучилишна возраст
  • заразни болести (туберкулоза, жолтица)
  • одржување хигиена
  • активности кои родителите ги спроведуваат во домот за поттикнување на учењето – градење стимулативна средина
  • агресија кај децата
  • позитивна дисциплина
  • рана детекција на специјални образовни потреби
  • грижа за лице со посебни потреби во домот
  • одговорно граѓанство – права и обврски
  • причини за и корист од учество во демократски процеси на локално и државно ниво
  • можности за образование и стекнување на вештини за возрасни
  • можности за вработување
  • поттикнување на локални акции за подобрување на живото на децата и жените

Позиција 2: Градење на култура на читање, подигање на свеста за потребата од читање и стекнување на навики за читање кај ромските жени и девојки, преку:
  • Дефинирање на курикулум за поттикнување на читањето кај жени и деца
  • Подготвување на список на книги
  • Спроведување на 2 месечни сесии на читачкиот клуб во траење од 1,5 часа
  • Подготвување на прирачник Како родителите да го поттикнуваат читањето кај своите деца.
Место на спроведување на активностите: Општина Шуто Оризари и Општина Ѓорче Петров
Одговорно лице: Проектен менаџер
Временска рамка за целокупната активности: 10 февруари 2016 – 10 август 2017
Барани квалификации:
Образование: најмалку втор циклус образовни науки во областа на која се однесува соодветната тема.
Претходно искуство:
искуство во проекти кои третираат женски и детски права
искуство во работа со жени и деца Ромки
искуство во држење работилници, предавања, информативни сесии на определената тема.
Критериуми за оценување на апликациите:
Во случај да се пријават повеќе апликанти за една тема, тие ќе се оценуваат врз основа на исполнување на бараните технички критериуми, и тоа соодветно образование 30%, а соодветно работно искуство 70%.

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Save the children EU DIC Биро за развој на образованието