Отворен повик за фацилитатори на драмски, ликовни и литературно-новинарски активности во рамки на проектот „И јас имам глас“

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ - Македонија со поддршка на “Save The Children International” – Косово и Шведската Интернационална Агенција за развој ќе го реализира пилот проектот „И јас имам глас“, со цел градење на капацитети на децата и младите за активно и одговорно граѓанство. Проектот исто така ќе помогне да се подигне јавната свест за важноста на проактивното почитување на правата на децата. Проектот се реализира во рамките на Регионалниот проект за создавање одговорен систем кој ќе овозможи механизми за спроведување на правата на децата, во периодот 2018-2020 година.
Преку активностите кои ќе се реализираат во проектот, учениците ќе можат да преземат активности за изразување на своето мислење и подобрување на состојбите кои ги засегаат нив и нивните врсници, преку учество во секции и клубови и ќе се гради училишна клима која промовира соработка со и заштита на децата.

Повикот е отворен за фацилитатори на активности кои ќе бидат реализирани во проектните основни училишта под слоганот „И јас имам глас!“. Фацилитаторите треба да осмислат активности преку кои ќе им помогнат на учениците да ги артикулираат проблемите со кои се соочуваат и да ги изразат преку ликовни, драмски, и други уметнички или пишани форми (училишни билтени, кратки видео презентации и др.) Како резултат на работилниците кои ќе се реализиаат со учениците ќе бидат создадени кратки драмски сцени, ликовни трудови, литературни дела, новинарски напис и други форми на изразување со наслов „Мојот глас во училиштето“, „Мојот глас во заедницата“ и „Мојот глас во општеството“. Овие трудови ќе бидат користени како основа за планирање училишни активности и за Кампања за унапредување на јавната свест за правата на децата под слоганот „И јас имам глас!“ со која ќе биде истакната важноста од учеството на децата во решавање прашања кои ги засегаат, од област што тие самите ќе ја одберат. Кампањата ќе заврши со организација на заеднички настан кој ќе претставува можност да се слушнат инспиративни приказни раскажани преку лично или професионално искуство на наставниците и учениците вклучени во Проектот.

Цел на ангажманот:
Овие активности ќе се фокусираат на обезбедување на учениците од повисоките одделенија од проектните училишта со можности за градење на креативни и критички вештини за идентификување, презентирање и подигање на свеста за прашања кои ги засегаат и предлагање на можни решенија преку креативни активности и преземање активности поврзани со прашања кои ја загрозуваат безбедноста на децата.
Главни задачи на фацилитаторите ќе бидат:
Организирање работилници во секое училиште за Подигање на свеста преку драмски, ликовни и литературно/новинарски активности, вклучувајќи:
• Подготвување агенда за активностите како и помошни материјали за истата;
• Подготовка на краток опис на планираните активности;
• Реализирање драмски,ликовни и литературно/новинарски активности според погоре наведениот опис;
• Доставување целосна документација по спроведената активност до канцеларијата на Фондацијата (извештаи, списоци за присуство, евалуации, фотографии, видео записи и други изработки од учениците. Форматот за извештајот, списоците за присуство и евалуациите и ќе бидат обезбедени од проектниот тим)

Место на спроведување на задачата: локално, во четири основни училишта во Скопје, Тетово и с. Драгоманце- Старо Нагоричане.

Временска рамка: април 2019 – декември 2019

Барани квалификации и услови за работа:
• Образование: прв циклус образование во општествени науки; Ќе се смета за предност доколку кандидатите имаат образование од областа на драмската и ликовната уметност, мајчин јазик, новинарство, педагогија и психологија. Кандидатите ќе треба да докажат дека имаат соодветни компетенции и искуство.
• Искуство во работа со претставници на граѓанскиот сектор и на образовни институции.

Претходно искуство:
• Претходно искуство во спроведување креативни работилници со ученици од основни училишта.
• Вклученост во работилници за развивање активизам и вклучување на децата во процесот на донесување одлуки.

Вештини и способности:
• Добри комуникациски вештини
• Компјутерски вештини (користење на MS Office и други мултимедиски програми)
• Возачка дозвола.

Надгледувањето на реализирањето на активностите го врши проектниот тим.

Дополнителни информации:
Кандидатите треба да понудат вкупна цена по која ќе ги подготват и реализираат наведените задачи. Цената се однесува на еднодневен ангажман во траење од 8 работни часа, кој вклучува осмислување и реализирање на активностите во рамки на обуката и поднесување целосна документација за реализираната активност. Цената треба да биде изразена во македонски денари и во бруто износ.

Апликантите ќе се оценуваат врз основа на исполнување на бараните критериуми, при што техничките критериуми на апликацијата ќе сочинуваат 80% а финансиските критериуми 20% од конечната оценка.
Доколку на проектниот тим му се потребни дополнителни информации за кандидатите, истите ќе бидат повикани на дополнителен разговор.
Овој оглас е отворен за сите државјани на Р. Македонија, без разлика на етничката припадност. Фондацијата „Чекор по чекор“ не поддржува дискриминација по било која основа. Ги покануваме заинтересираните кандидати да достават изјава за интерес и ажурирана професионална биографија на следнава адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Крајниот рок за доставување на апликациите е 04.04.2019 до 14 часот.

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Save the children EU DIC Биро за развој на образованието