Отворен повик за асистент на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ - Македонија има потреба од 1 Асистент за работа на проектот на УСАИД со „Со читање до лидерство“.
Подолу опишаните позиции се наменети само за македонски државјани.
Кандидатите треба да достават кратко мотивациско писмо и ажурирана професионална биографија на следнава email адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и kika@stepbystep.org.mk
Крајниот рок за доставување на апликациите е 04.05.2015 до 12 часот.
Избраните кандидати ќе бидат известени за терминот на интервјуто.

Главни задолженија и обврски
Обврска на Асистентот е секојдневно да помага при задолженијата на колективот на Фондација „Чекор по чекор“. Асистентот му помага на Извршниот директор и колективот во генералните канцелариски задолженија, врши подготовка на материјали за семинари и други настани во рамки на проектот и логистички ги поддржува истите.
Под раководство на колективот на фондацијата, Асистентот ќе ги извршува следниве активности:  

  • обезбедува логистичка и друга неопходна поддршка на проектните активности;
  • помага во организација на настани, семинари и состаноци;
  • ги архивира електронските материјали и материјалите во пишана форма;
  • помага во подготовка и преведување на промотивните материјали;
  • ја одржува и редовно ја надополнува Facebook страната на проектот; 
  • изведба на други сродни задолженија.

За својата работа Асистентот има обврска да подготви и достави месечен работен план и извештај. Планот и извештајот ги подготвува заедно со проектниот координатор.   

Барани квалификации:
Образование: ВСС
Претходно работно искуство: Да се наведе во биографијата.
Тренинг на работното место: Упатување во полисите и процедурите на Фондацијата „Чекор по чекор“  во текот на извршувањето на дадените задолженија, како и за Кодексот на однесување.
Познавање јазици: познавање на македонски, албански и англиски јазик (течно); неопходни се развиени комуникациски вештини, читање и пишување.
Знаење: Разбирање на образовниот систем во Македонија.
Вештини и способности: Компјутерски вештини (вешто користење на MS Office), познавање и користење на социјалните мрежи за промоција на проектот, комуникациски вештини.

Дополнителни информации:
Опрема која ќе се користи: Компјутери
Патувања и прекувремена работа: повремено патување надвор од канцеларија до сите делови од Македонија и надвор од Македонија ако е потребно. Ангажмани за време на викенди.
Конторола: надгледувањето го врши Проектниот координатор.

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Save the children EU DIC Биро за развој на образованието