ОТВОРЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ ПРОГРАМСКИ РАКОВОДИТЕЛ НА ПРОЕКТОТ „ИНКЛУЗИВНИ ПАРТНЕРСТВА ВО ЗАЕДНИЦИТЕ“

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ го спроведува проектот „Инклузивни партнерства во заедниците“, кој е финансиран од Европската Комисија, преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР) 2016-2017 - Поддршка за граѓанското општество преку национални програми за поддршка (European Instrument for Democracy and Human Rights (EIDHR)2016-2017 Supporting a civil society through Country-Based Support Schemes (CBSS)). Проектот ќе се спроведува до февруари 2020 г.

Главна цел на проектот е да развие и пилотира ефективен и инклузивен модел за подобрување на административните и стручни капацитети на засегнатите страни на локално и национално ниво заради овозможување на социјална и економска инклузија на лицата со попреченост преку достапни локални услуги дизајнирани по мерка на лицата со попреченост поголеми можности за инклузија на лицата со пречки во развојот во процесите на образование и вработување. Специфичните цели на проектот се:

  • Подобар пристап на лицата со попреченост до услуги и вклученост во животот во заедницата преку: подобрување на капацитетите на локалните власти и граѓанскиот сектор за колаборативно обезбедување на податоци за состојбата на лицата со попреченост и нивните семејства; зајакнување на локалните установи (училишта, центри за социјална работа и центри за вработување) со цел обезбедување на инклузивен пристап кон образовни и други услуги во заедницата; и зајакнување на граѓанските организации кои ги застапуваат правата на лицата со попреченост за учество во локалните процеси на донесување одлуки.
  • Засилување на образовната и работната инклузија на младите со попреченост преку ангажирање и зајакнување на капацитетите на младите за застапување, и лобирање и подигање на свеста за инклузија на млади кои се во и вон од образовниот процес, во програми за образование и стекнување на вештини за вработување.

За потребите на овој проект, Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ распишува оглас за ангажирање на еден програмски раководител. Подолу опишаната позиција е наменета само за македонски државјани.
Фондацијата поддржува и промовира еднакви можности за работа и ги охрабрува лицата со попреченост кои ги задоволуваат потребните квалификации да се пријават на огласот.

Кандидатите треба да достават кратко мотивациско писмо и ажурирана професионална биографијана следнава email адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Крајниот рок за доставување на апликациите е 08.05.2019 до 16 часот.
По истекот на рокот за пријавување, кандидатите кои ќе влезат во вториот круг ќе бидат известени за термин на интервјуто.

Програмскиот раководител на Проектот „Инклузивни партнерства во заедниците“ ги има следниве програмски задолженија:
  • Подготовка, организирање и реализирање на обука за диференцирана работа со ученици во основното образование
  • Подготовка, организирање и реализирање на обука за невработени млади лица со попреченост во 3 општини
  • Подготовка, организирање и реализирање на информативно-едукативна сесија со работодавачи за работно ангажирање на млади со попреченост
  • Спроведување на менторски посети во проектните училишта
  • Спроведување на истражување за ефектите и полезноста од проектните активности
  • Следење и поддршка на работата на ученичките клубови во 7 средни училишта
  • Учество во организацијата и спроведувањето на регионални настани и завршниот настан на проектот
  • Подготовка на материјали и документи за веб страницата на проектот и електронскиот билтен на Фондацијата
  • Учество во активности за промоција на проектот
  • Учество во подготовката на кварталните и завршниот извештај.

Барани квалификации:
  • ВСС од областа на општествените науки.
  • Најмалку пет години работно искуство во имплементирање проекти на раководна или експертска позиција
  • Познавање и искуство на полето на инклузијата во образованието и другите области од општествениот живот
  • Напредно ниво на познавање на англискиот јазик.
  • Компјутерски вештини (напредно користење MS Office), познавање и користење на социјалните мрежи за промоција на проектот, добри комуникациски вештини.
  • Поседување возачка дозвола (Б категорија - патничко возило).

Дополнителни информации:
За реализација на дел од проектните активности потребно е повремено патување надвор во 6те проектни општини. 

Забелешка: Оваа позиција е со полно работно време со почеток од 15 мај 2019 до 28 февруари 2020 година.

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Save the children EU DIC Биро за развој на образованието