Отворен повик за ангажирање програмски раководител на Проектот „Инклузивни партнерства во заедниците“

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор”- Македонија отпочнува со спроведување на проектот „Инклузивни партнерства во заедниците“ (Community-Led Inclusive Partnerships), финансиран со средства од Европската Унија. Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор”- Македонија ќе го реализира овој проект во соработка со Здружението на студенти и млади со попреченост од Скопје. Целта на проектот е да се олесни вклучувањето на лицата/младите со попреченост преку јакнење на локалните институции за да се обезбеди инклузивен пристап кон образованието и други услуги во заедницата. Проектот е наменет за лицата со посебни потреби, особено за учениците со посебни потреби, за нивните семејства, локалните заедници, организациите на лица со попреченост и локалните невладини организации, како и националните и локалните креатори на политики и даватели на услуги.
За потребите на овој проект, Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ – Македонија распишува оглас за ангажирање на еден програмски раководител. Подолу опишаната позиција е наменета само за македонски државјани.
Фондацијата поддржува и промовира еднакви можности за работа и ги охрабрува лицата со попреченост кои ги задоволуваат потребните квалификации да се пријават на огласот.

Кандидатите треба да достават кратко мотивациско писмо и ажурирана професионална биографија на следнава email адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Крајниот рок за доставување на апликациите е 27.02.2018 до 11 часот.
По истекот на рокот за пријавување, кандидатите ќе бидат известени за терминот на интервјуто.

Програмскиот раководител на Проектот „Заедниците водат инклузивни партнерства“ секојдневно ќе работи со раководителот на проектот, со партнерската организација, експертите кои ќе бидат ангажирани за работа на проектот и со претставници на училиштата и општините при реализација на следниве активности:
• Развивање модули за обука
• Подготовката на теми за менторски сесии
• Организирање обуки и менторски средби
• Подготовка на протоколи за следење на напредокот на учениците
• Подготовка и фацилитирање на регионални настани
• Учество во подготвување кампања за подигање на јавната свест за потребите и вклучувањето на лицата со попреченост во општествениот живот
• Мониторирање на работата на инклузивните тимови во училиштата
• Супервизија на подготвувањето на модел за Инклузивни општини
• Подготовка и водење состаноци со сите засегнати страни
За својата работа лицето има обврска да подготви и достави месечен работен план како и да учествува во подготвувањето на сите потребни извештаи. Планот и извештаите ги подготвува заедно со раководителот на проектот.

Барани квалификации:
• Најмалку ВСС по можност од областа на хуманистичките науки.
• Најмалку пет години работно искуство во имплементирање проекти во невладини организации.
• Познавање странски јазици: англиски јазик (напредно ниво) со развиени комуникациски вештини, читање и пишување. Познавањето албански јазик ќе се смета за предност.
• Разбирање на проблемот на инклузија во образовниот систем во Македонија.
• Компјутерски вештини (напредно користење MS Office), познавање и користење на социјалните мрежи за промоција на проектот, добри комуникациски вештини.
• Поседување возачка дозвола (Б категорија - патничко возило).
Дополнителни информации:
За реализација на дел од проектните активности потребно е повремено патување надвор од канцеларија до сите делови од Македонија а по потреба и учество на работни средби и конференции надвор од Македонија.

Забелешка: Оваа позиција е со можност за полно или половина работно време со почеток од 1 март 2018 до 28 февруари 2020 година.

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Надеж EU DIC Биро за развој на образованието