Отворен повик за ангажирање обучувач за детски права и партиципативен демократски активизам за проектот „И јас имам глас“

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ - Македонија со поддршка на “Save The Children International” – Косово и Шведската Интернационална Агенција за развој ќе го реализира пилот проектот „И јас имам глас“, со цел градење на капацитети на децата и младите за активно и одговорно граѓанство. Проектот исто така ќе помогне да се подигне јавната свест за важноста на проактивното почитување на правата на децата. Проектот се реализира во рамките на Регионалниот проект за создавање одговорен систем кој ќе овозможи механизми за спроведување на правата на децата, во периодот 2018-2020 година.
Преку активностите кои ќе се реализираат во проектот, учениците ќе можат да преземат активности за изразување на своето мислење и подобрување на состојбите кои ги засегаат нив и нивните врсници, преку учество во секции и клубови и ќе се гради училишна клима која промовира соработка со и заштита на децата.
Повикот е отворен за експерти, обучувачи, фацилитатори за следниве активности кои ќе бидат реализирани во проектните основни училишта под слоганот „И јас имам глас!“:

Позиција: обучувач за детски права и партиципативен демократски активизам
Цел на ангажманот: Активностите во рамките на оваа обука ќе поттикнат и поддржат создавање „Клубови за детски права во училиштата“, кои ќе промовираат информации и ќе ја градат свеста за правата на децата, ќе ја промовираат и поддржуваат студентската организација и ќе ги градат своите вештини за претставување и застапување.

Главни задачи на обучувачите ќе бидат:
Реализирање четири еднодневни обуки за детски права и партиципативен демократски активизам, вклучувајќи:
• Подготвување агенда за обуката како и помошни материјали за истата;
• Подготовка на краток опис на планираните активности;
• Реализирање четири еднодневни обуки за детски права (особено право на квалитетно образование, права на лица со попреченост, право на заштита од насилство, врсничко и сајбер насилство, и други теми утврдени од самите училишта на обуката за СП), и за партиципативен демократски активизам;
• Доставување целосна документација по спроведената обука до канцеларијата на Фондацијата (извештаи, списоци за присуство, евалуации, фотографии, видео записи и други изработки од учениците. Форматот за извештајот, списоците за присуство и евалуациите и ќе бидат обезбедени од проектниот тим

Место на спроведување на задачата: локално, во четири основни училишта во Скопје, Тетово и с. Драгоманце- Старо Нагоричане.

Временска рамка: април 2019 – јуни 2019

Барани квалификации и услови за работа:
• Образование: прв циклус образование во општествени, образовни или медицински науки, дефектологија или психологија; втор циклус студии ќе се смета за предност.
• Флексибилност за работа преку викенди и патување во РМ;
• Флексибилност за повремени посети на училиштата;
• Докажани вештини за спроведување практични обуки и работилници;
• Поседување добри комуникациски вештини;
• Вештини за пишување и навремено испорачување на концизни и информативни извештаи.

Претходно искуство:
• Вклученост во работилници за развивање активизам и вклучување на децата во процесот на донесување одлуки.
• Учество во најмалку 3 проекти кои ја подобруваат свеста за детските права;
• Реализирано најмалку 5 обуки за наставници;
• Учество во работни групи и тимови кои придонеле за изработка на прирачници, извештаи, собирање податоци и/или изготвување стандарди за правата на децата во училиштето и општеството;

Вештини и способности:
• Добри комуникациски вештини
• Компјутерски вештини (користење на MS Office и други мултимедиски програми)
• Возачка дозвола.

Дополнителни информации:
Кандидатите треба да понудат вкупна цена по која ќе ги подготват и реализираат наведените задачи. Цената се однесува на еднодневен ангажман во траење од 8 работни часа, кој вклучува осмислување и реализирање на активностите во рамки на обуката и поднесување целосна документација за реализираната активност. Цената треба да биде изразена во македонски денари и во бруто износ.

Апликантите ќе се оценуваат врз основа на исполнување на бараните критериуми, при што техничките критериуми на апликацијата ќе сочинуваат 80% а финансиските критериуми 20% од конечната оценка.
Доколку на проектниот тим му се потребни дополнителни информации за кандидатите, истите ќе бидат повикани на дополнителен разговор.
Надгледувањето на реализирањето на активностите го врши проектниот тим.
Овој оглас е отворен за сите државјани на Р. Македонија, без разлика на етничката припадност. Фондацијата „Чекор по чекор“ не поддржува дискриминација по било која основа. Ги покануваме заинтересираните кандидати да достават изјава за интерес и ажурирана професионална биографија на следнава адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Крајниот рок за доставување на апликациите е 04.04.2019 до 14 часот.

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Save the children EU DIC Биро за развој на образованието