ОГЛАС ЗА ОБУЧУВАЧ ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ ЗА ЛИДЕРСТВО И ЗАСТАПУВАЊЕ ЗА УЧЕНИЧКИТЕ ТЕЛА ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА

Проектот „Инклузивни партнерства со заедниците“ има за цел да го обезбеди правото на пристап кон услуги и да промовира социјална инклузија и инклузија во локалната заедница на лица/млади со попреченост, преку зајакнување на свеста на локално ниво и градење на капацитетите за градење одржливи, инклузивни локални партнерства.

Цели на обуките:
Обуките имаат за цел да ги зајакнат капацитетите на ученичките тела во средните училишта за лидерство и застапување за образовна и социјална инклузија на учениците со попреченост. Ученици со и без попреченост заеднички ќе следат обуки за да ги зајакнат нивните вештини за ангажирање во активностите кои го промовираат правото на квалитетен живот на учениците со попреченост. Учениците ќе ги подобрат своите лидерски вештини и вештините за застапување, соработување со различни типови соработници, учество во донесувањето одлуки, елементи на социјална правда и почитување на разликите. Обуките ќе се состојат од многу практични активности и задачи во кои учениците ќе имаат шанса да ги применат новите вештини и знаења.

Теми на обуките:
1. Партиципативно лидерство и донесување одлуки;
2. Социјална правда и почитување на разликите;
3. Застапување и лобирање;
Кандидатите треба да назначат за која/кои од наведените теми би сакале да развиваат содржини и да спроведат обуки.

Главни задачи на обучувачот се:
• Развивање модули според дефинирани теми и методологија на работа базирана на интерактивност, вклучување и соработка со проектниот тим и другите обучувачи. Методологијата треба да содржи:
- цели на обуките и објаснување за пристапот и релевантноста на модулите;
- агенда на обуките;
- помошни материјали;
- теоретска позадина и меѓународни искуства;
- практични вежби;
- инструмент за евалуација на обуката;
- извештај од спроведената обука (форматот ќе биде обезбеден од проектниот тим);
• Спроведување обуки за ученичките тела во средните училиштата според развиените модули;
• Доставување целосна документација по спроведената обука и други активности до канцеларијата на Фондацијата (извештаи, списоци за присуство, евалуации, прегледани изработки од инклузивните тимови);

Место на спроведување на задачата: локално, во шесте средни училишта од избраните општини
Времетрање: четиридневна обука
Временска рамка: октомври 2018 – јануари 2018

На крајот на обуката учесниците ќе умеат:
• да ги идентификуваат можностите за вклучување во активности за инклузија во нивното училиште и заедница;
• да се вклучат во процесот и структурите на донесување на одлуки во училиштето и заедницата;
• да постават и остварат цели за подобрување на инклузијата во нивното училишта и заедница;
• да организираат воннаставни активности во склоп на училишните клубови/секции во соработка со нивните соученици со попреченост, со цел унапредување на инклузијата;
• да ги применат принципите на социјална правда и почитувањето на разликите во однос на лицата со попреченост;
• да спроведуваат активистички активности со цел со цел унапредување на инклузијата;
• да ги зголемат капацитетите за разбирање и управување со емоциите
• да ги унапредат своите емпатски вештини и вештините за одржување здрави односи со други.

Барани квалификации и услови за работа:
• Образование: прв циклус образование во општествени науки; втор циклус студии ќе се смета за предност.Кандидатите со друг вид образование ќе треба да докажат дека имаат соодветни компетенции и искуство.
• Искуство во областа на младински активизам, вклучување на децата во процесот на донесување одлуки и инклузија на лица со попреченост.
• Искуство во работа со граѓански сектор и образование (барем 5 години);
• Солидно познавање на англиски јазик;

Претходно искуство:
- Вклученост во барем 3 проекти од областа на инклузија во образованието
- Претходно искуство во спроведување обуки за ученици (барем 5 спроведени обуки);
- Вклученост во работилници за развивање на прирачници, извештаи и прибирање на податоци во развивање на младински активизам и involvement in workgroups that contributed to developing manuals, reports and data collection, вклучување на децата во процесот на донесување одлуки, ученичко здружување и инклузија на ученици со попреченост

Ги охрабруваме лицата кои ги исполнуваат критериумите и имаат попреченост да аплицират на овој оглас.

Овој оглас е отворен само за државјани на Р. Македонија. Ги покануваме заинтересираните кандидати да достават изјава за интерес и ажурирана професионална биографија на следнава адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. . Крајниот рок за доставување на апликациите е 21.09.2018.
. _____________________________________

Оглас за ангажирање на експерт за комуникации и информирање за Проектот „Инклузивни партнерства во заедниците “

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ почнува со спроведување на проектот „Инклузивни партнерства во заедниците“, кој е финансиран од Европската Комисија, преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР) 2016-2017 - Поддршка за граѓанското општество преку национални програми за поддршка (European Instrument for Democracy and Human Rights (EIDHR)2016-2017 Supporting a civil society through Country-Based Support Schemes (CBSS)), а го спроведува Фондацијата Чекор по чекор Македонија во соработка со Здружението на студенти и младинци со хендикеп, Скопје.

Главна цел на проектот е да развие и пилотира ефективен и инклузивен модел за подобрување на административните и стручни капацитети на засегнатите страни на локално и национално ниво заради овозможување на социјална и економска инклузија на лицата со попреченост преку достапни локални услуги дизајнирани по мерка на лицата со попреченост поголеми можности за инклузија на лицата со преки во развојот во процесите на образование и вработување. Специфичните цели на проектот се:
• Подобар пристап на лицата со пречки до услуги и вклученост во животот во заедницата преку: подобрување на капацитетите на локалните власти и граѓанскиот сектор за колаборативно обезбедување на податоци за состојбата на лицата со попреченост и нивните семејства; зајакнување на локалните установи (училишта, центри за социјална работа и центри за вработување) со цел обезбедување на инклузивен пристап кон образовни и други услуги во заедницата; и оснажување на граѓанските организации кои ги застапуваат правата на лицата со попреченост за учество во локалните процеси на донесување одлуки.
• Засилување на образовната и работната инклузија на младите со попреченост преку ангажирање и зајакнување на капацитетите на младите за застапување, и лобирање и подигање на свеста за инклузија на млади кои се во и вон од образовниот процес, во програми за образование и стекнување на вештини за вработување.

За цели на проектот, Фондацијата ангажира Експерт од областа на комуникации и информирање
Главни задачи:
- поддршка осмислување на активности и материјали наменети за правилно информирање на јавноста и обезбедување на видливост на проектот и донаторот
- изработка на идејно решение за веб поддомејн и поддршка на проектниот асистент за обезбедување на достапност на информации на истиот
- комуникација со медиумите околу проектни прашања и подготвување на изјави за печат и осигурување на медиумска покриеност на настаните
- обезбедување на видливост и правилно информирање за презентацијата на проектот, регионалните информативни настани, обуки и завршна конференција
- обезбедување на правилно брендирање, согласно барањата на донаторот
- поддршка на проектниот тим во комуникацијата и одржувањето на нивото на информираност и заинтересираност на засегнатите страни
- подготвување на материјали за електронскиот информатор.

Место на спроведување на активностите: Скопје, различни локации на проектните настани
Временска рамка: 1 јули 2018 – 29 февруари 2020
Работни денови: 48
Барани квалификации
Образование: прв циклус образовни, културни или комуникациски науки, втор циклус се смета за предност
Претходно искуство:
- работа во невладиниот сектор од најмалку 8 години на работни задачи поврзани со комуницирање со медиуми и подобрување на видливоста на проекти и/или донатори
- учество во најмалку 5 проекти кои третираат образование, медиуми или култура
- искуство во сценски настапи, презентации, радио/телевизиски емисии
- активно владеење на англискиот јазик.

Кандидатите ќе се оценуваат врз основа на исполнување на бараните критериуми, што треба да биде видливо во поднесената документација.

Овој оглас е отворен само за државјани на Р. Македонија.

Ги покануваме заинтересираните кандидати да достават изјава за интерес за определена позиција и ажурирана професионална биографија на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Крајниот рок за доставување на апликациите е 25.06.2018 година.

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Save the children EU DIC Биро за развој на образованието