ОГЛАС ЗА ОБУЧУВАЧ ЗА НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ И ЛОКАЛНА САМОУПРАВА

Проектот „Инклузивни партнерства со заедниците“ има за цел да го обезбеди правото на пристап кон услуги и да промовира социјална инклузија и инклузија во локалната заедница на лица/млади со попреченост, преку зајакнување на свеста на локално ниво и градење на капацитетите за градење одржливи, инклузивни локални партнерства.

Цели на обуката:
Обуката ќе ги подобри капацитетите на претставниците на невладините организации на лицата со попреченост или невладините организации кои ги застапуваат лицата со попреченост (во понатамошниот текст: НВО), како и на претставници од општините, за соработка и заеднички придонес кон поинклузивна локална заедница.

Теми на обуката:
1. Собирање податоци за лицата со попреченост, како и следење и процена на состојбата на лицата со попреченост во локалната заедница;
2. Вклучување на лицата со попреченост во главните текови на општината и соодветна застапеност во локалните и националните буџети;
3. Локални инклузивни акциски планови (ЛИАП) според Моделот на инклузивна општина.

Главни задачи на обучувачот се:
• Развивање модули според дефинираните теми и методологија на работа базирана на интерактивност, вклучување и соработка со проектниот тим и другите обучувачи. Методологијата треба да содржи:
- цели на обуките и опис на пристапот и релевантноста на модулите;
- агенда на обуките;
- помошни материјали;
- теоретска позадина и меѓународни искуства;
- практични вежби;
- инструмент за евалуација на обуката;
- извештај од спроведената обука (форматот ќе биде обезбеден од проектниот тим);
• Спроведување на обуки според развиените модули за претставниците од НВО и општините;
• Доставување целосна документација по спроведената обука (извештаи, списоци за присуство, евалуации, прегледани производи од инклузивните тимови) до канцеларијата на Фондацијата

Целни групи: претставници од НВО и од локалната самоуправа од шест избрани општини
Времетраење на ангажманот: тридневна обука
Временска рамка: октомври 2018 – декември 2018

На крајот на обуката учесниците ќе умеат:
• да остварат и одржат професионална соработка со сите претставници од владиниот и невладиниот сектор вклучени во креирањето на инклузивни општини;
• да ги разберат концептот и принципите на инклузијата со цел нивно вклучување во локалните акциски планови;
• да собираат податоци за лицата со попреченост релевантни на локално ниво и да креираат политики и донесуваат одлуки поткрепени од тие податоци;
• да развијат локални акциски планови за инклузија на лица со попреченост преку обезбедување услуги и активно вклучување во животот на општината базирани на Моделот на инклузивна општина;
• да создадат начини за подобрување на локалните услуги за лица со попреченост;
• да ги инкорпорираат локалните активности во постоечките локални услуги, планови и иницијативи;

Барани квалификации и услови за работа:
• Прв циклус студии во општествени науки (образование, психологија, дефектологија, социјална работа, право, јавна администрација итн.) втор циклус на студии ќе се смета за предност.
• Искуство во активности за локален развој, како и образовна, социјална и трудова инклузија;
• Искуство во работа со локална самоуправа, граѓански сектор, образование и локален пазар на трудот;
• Искуство во областа на општествени истражувања и мониторинг, прибирање на податоци и локален развој (барем пет години);
• Искуство во развивање модули и спроведување на тренинзи (барем 10 спроведени тренинзи);
• Искуство во спроведување обуки на барем една од претходно наведените теми;
• Солидно познавање англиски јазик.

Ги охрабруваме лицата кои ги исполнуваат критериумите и имаат попреченост да аплицират на овој оглас.

Овој оглас е отворен само за државјани на Р. Македонија. Ги покануваме заинтересираните кандидати да достават изјава за интерес и ажурирана професионална биографија.на следнава адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. Крајниот рок за доставување на апликациите е 21.09.2018.

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Надеж EU DIC Биро за развој на образованието