Оглас за избор на обучувачи на тема „Социјална правда и детски права“

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ - Македонија со поддршка на “Save The Children International” – Косово и Шведската Интернационална Агенција за развој ќе го реализира пилот проектот „И јас имам глас“, со цел градење на капацитети на децата и младите за активно и одговорно граѓанство. Проектот исто така ќе помогне да се подигне јавната свест за важноста на проактивното почитување на правата на децата. Проектот се реализира во рамките на Регионалниот проект за создавање одговорен систем кој ќе овозможи механизми за спроведување на правата на децата, во периодот 2018-2020 година.

Преку активностите кои ќе се реализираат во проектот, учениците ќе можат да учествуваат во донесување одлуки на училишно ниво и ќе преземат акции за изразување на своето мислење и подобрување на состојбите кои ги засегаат нив и нивните врсници, преку уметнички и драмски активности како и активности во училишните клубови кои дејствуваат во нивните училиштата.

Повикот е отворен за обучувачи кои имаат искуство во држење обуки за Социјална правда и/или детски права во основните училишта. Обуките ќе бидат реализирани за основните училишта кои учествуваат во проектот „И јас имам глас!“. Обучувачите треба да осмислат активности преку која ќе им помогнат на наставниците и учениците да се запознаат со основите на социјалната правда и да ги артикулираат проблемите со кои се соочуваат и наставниците и учениците и да ги изразуваат своите барања. Обуката треба да им помогне на учесниците во реализирањето на останатите активности во проектот меѓу кои се и Кампања за унапредување на јавната свест за правата на децата под слоганот „И јас имам глас!“ („Мојот глас во училиштето“, „Мојот глас во заедницата“ и „Мојот глас во општеството“) со која ќе биде истакната важноста од учеството на децата во решавање прашања кои ги засегаат, од област што тие самите ќе ја одберат. Кампањата ќе заврши со организација на заеднички настан кој ќе претставува можност да се слушнат инспиративни приказни раскажани преку лично или професионално искуство на наставниците и учениците вклучени во Проектот.

Главни задачи на обучувачите ќе бидат:
• Подготвување агенда за обуката како и помошни материјали за истата;
• Подготовка на краток опис на планираните активности;
• Реализирање на обуката;
• Доставување целосна документација по спроведената обука до канцеларијата на Фондацијата (извештаи, списоци за присуство, евалуации, фотографии, видео записи и други изработки од учениците. Форматот за извештајот, списоците за присуство и евалуациите и ќе бидат обезбедени од проектниот тим)

Место на спроведување на задачата: Скопје на 23ти Ноември и Охрид од 30 ноември до 2ри декември.
Временска рамка: ноември 2018 – декември 2018

Барани квалификации и услови за работа:
• Образование: прв циклус образование во педагогија /образовни науки, дефектологија, психијатрија или психологија; втор циклус студии ќе се смета за предност. Кандидатите ќе треба да докажат дека имаат соодветни компетенции и искуство.
• Искуство во работа со претставници на граѓанскиот сектор и на образовни институции.

Претходно искуство:
• Претходно искуство во спроведување обуки со наставници и ученици од основни училишта.
• Претходно искуство во осмислување на обуки за ученици и наставници во полето на социјална правда и детски права.
• Вклученост во работилници за развивање активизам и вклучување на децата во процесот на донесување одлуки.


Надгледувањето на реализирањето на активностите го врши проектниот тим.


Дополнителни информации:
Кандидатите треба да понудат вкупна цена по која ќе ги подготват и реализираат наведените задачи. Цената се однесува на еднодневен ангажман во траење од 8 работни часа, кој вклучува осмислување и реализирање на активностите во рамки на обуката и поднесување целосна документација за реализираната активност. Цената треба да биде изразена во македонски денари и во бруто износ.

Апликантите ќе се оценуваат врз основа на исполнување на бараните критериуми, при што техничките критериуми на апликацијата ќе сочинуваат 80% а финансиските критериуми 20% од конечната оценка.
Доколку на проектниот тим му се потребни дополнителни информации за кандидатите, истите ќе бидат повикани на дополнителен разговор.


Овој оглас е отворен за сите државјани на Р. Македонија, без разлика на етничката припадност. Фондацијата „Чекор по чекор“ не поддржува дискриминација по било која основа. Ги покануваме заинтересираните кандидати да достават изјава за интерес и ажурирана професионална биографија на следнава адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Крајниот рок за доставување на апликациите е 19 .11.2018 до 14 часот.

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Save the children EU DIC Биро за развој на образованието