Оглас за ангажирање на Координатор за младински активности на проектот „Инклузивни партнерства во заедниците“

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ - Македонија почнува со спроведување на проектот „Инклузивни партнерства во заедниците“, кој е финансиран од Европската Комисија, преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР) 2016-2017 - Поддршка за граѓанското општество преку национални програми за поддршка ( European Instrument for Democracy and Human Rights (EIDHR)2016-2017 Supporting a civil society through Country-Based Support Schemes (CBSS)), а го спроведува Фондацијата Чекор по чекор Македонија во соработка со Здружението на студенти и младинци со хендикеп, Скопје.

Главна цел на проектот е да развие и пилотира ефективен и инклузивен модел за подобрување на административните и стручни капацитети на засегнатите страни на локално и национално ниво заради овозможување на социјална и економска инклузија на лицата со попреченост преку достапни локални услуги дизајнирани по мерка на лицата со попреченост поголеми можности за инклузија на лицата со преки во развојот во процесите на образование и вработување.

Специфичните цели на проектот се:

- Подобар пристап на лицата со пречки до услуги и вклученост во животот во заедницата преку: подобрување на капацитетите на локалните власти и граѓанскиот сектор за колаборативно обезбедување на податоци за состојбата на лицата со попреченост и нивните семејства; зајакнување на локалните установи (училишта, центри за социјална работа и центри за вработување) со цел обезбедување на инклузивен пристап кон образовни и други услуги во заедницата; и оснажување на граѓанските организации кои ги застапуваат правата на лицата со попреченост за учество во локалните процеси на донесување одлуки. 

- Засилување на образовната и работната инклузија на младите со попреченост преку ангажирање и зајакнување на капацитетите на младите за застапување, и лобирање и подигање на свеста за инклузија на млади кои се во и вон од образовниот процес, во програми за образование и стекнување на вештини за вработување. 

За цели на проектот, Фондацијата ангажира координатор за младински активности.

Главни задачи:

  • Собирање на податоци за состојбата со млади/ученици со попреченост
  • Поддршка на програмскиот менаџер во проектните активности кои се реализираат во средните училишта;
  • Поддршка во осмислување на работата на ученичките клубови;
  • Учество и следење на работата на ученичките клубови;
  • Обезбедување на работни материјали;
  • Учество во осмислување на кампања за подигање на свеста за инклузија;
  • Спроведување на on-line кампања;
  • Учество во организирање на 6 регионални настани;
  • Учество во организирање на Националната презентација
  • Учество во завршен проектен настан;

Место на спроведување на активностите: Скопје, различни локации на проектните настани
Временска рамка: 1 април 2019 – 29 февруари 2020
Работен ангажман: 40%
БАРАНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
Образование: прв циклус образовни, културни или комуникациски науки, втор циклус се смета за предност
Претходно искуство: учество во најмалку 3 проекти кои третираат образование и/или млади; искуство во младински активизам и организирање; искуство во директна работа со млади.

Владеење на англискиот јазик.

Критериуми за оценување на кандидатите:
Кандидатите ќе се оценуваат врз основа на исполнување на бараните технички критериуми.


Ги охрабруваме лицата кои ги исполнуваат критериумите и имаат попреченост да аплицират на овој оглас.

Овој оглас е отворен само за државјани на Р. Македонија. Ги покануваме заинтересираните кандидати да достават изјава за интерес и ажурирана професионална биографија на следнава адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  Крајниот рок за доставување на апликациите е 28.03.2019.

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Save the children EU DIC Биро за развој на образованието