Оглас за ангажирање на експерти за Проектот „Зајакнување на улогата на граѓанското општество во осигурувањето рамноправност и квалитет во предучилишното образование, воспитание и згрижување (3Е)“

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ - Македонија отпочнува со спроведување на проектот „Зајакнување на улогата на граѓанското општество во осигурувањето рамноправност и квалитет во предучилишното образование, воспитание и згрижување (3Е)“. Проектот се финансира со средства од Европската Унија, преку Централното финансирање и склучување договори, при Министерството за финансии, а се спроведува од Фондацијата Чекор по чекор Македонија во соработка со ЦСИ Надеж и Биро Мутант од Холандија.
Главна цел на проектот е да придонесе кон тековните реформи за интеграција во Европската Унија преку зајакнување на компетенциите и улогата на граѓанското општество во осигурување на рамноправност и квалитет во раниот детски развој / предучилишното образование, воспитание и згрижување, преку воведување на инструментот развиен во ЕУ за осигурување на стандард на квалитет и во предучилишното образование, воспитание и згрижување (ПОВЗ) и воедно промовирање на демократското учество на граѓанското општество во мониторирањето на процесите на подобрување на пристапот до квалитетни услуги за ПОВЗ / ран детски развој. Специфични цели на проектот се:
- Развивање на Македонска рамка за квалитет во ПОВЗ заснована на Клучните начела на рамката за квалитет за ПОВЗ, и
- Градење на свест и способности на граѓанското општество за неговата улога во подобрувањето на политики и практики и унапредување на вклученоста на засегнатите страни во мониторирање и осигурување на квалитет во ПОВЗ.
За цели на проектот Фондацијата ангажира експерти од областа предучилишно образование, воспитание и згрижување (ПОВЗ) за повеќе позиции.

Позиција 1 – Експерт за подготвување на Анализа на состојбата во ПОВЗ, 1 лице
Главни задачи:
- да се утврди состојбата во ПОВЗ според структурата на Рамката, со елаборирање на петте главни подрачја на квалитет (Пристап, Програма, Работна сила, Следење и вреднување, Управување и финансирање)
- да се воспостави основ за следење и вреднување на напредокот во подготвувањето на македонската верзија на рамката и на подобрувањата на состојбите
- да се дадат конкретни предлози за адаптацијата на Европската рамка за квалитет во ПОВЗ и подготвување на Македонска рамка за квалитет во ПОВЗ
- да се подготви извештај на македонски и на англиски јазик.
Место на спроведување на активностите: Скопје, 2 града во внатрешноста на Републиката
Временска рамка: 31 јануари – 15 март 2018
Работни денови: 20
Барани квалификации:
Образование: најмалку втор циклус образовни науки во областа ПОВЗ или ран детски развој, докторат се смета за предност
Претходно искуство: учество во најмалку 5 и раководење со најмалку 3 проекти кои третираат ПОВЗ или ран детски развој; искуство во спроведување на најмалку 5 евалуации и ситуациони анализи; искуство во пишување извештаи на македонски и англиски јазик.

Позиција 2 – Експерт - Член на работна група за разгледување на Европската рамка за осигурување квалитет во ПОВЗ и подготвување нацрт Македонска рамка за осигурување квалитет во ПОВЗ, 5 лица
Главни задачи:
- да се разгледа Европската рамка за осигурување квалитет во ПОВЗ и нејзините пет подрачја на квалитет (Пристап, Програма, Работна сила, Следење и вреднување, Управување и финансирање)
- да се разгледа Анализа на состојбата (претходно подготвена во Проектот)
- да се дадат предлози за адаптација на Рамката на македонски услови
- да се подготви нацрт Македонска рамка за осигурување квалитет во ПОВЗ
- по спроведена јавна презентација и дискусија околу предлог рамката да се подготви финална верзија на Македонска рамка за осигурување квалитет во ПОВЗ за поднесување до МТСП.
Место на спроведување на активностите: Скопје
Временска рамка: 1 март – 30 април 2018
Работни денови: 10 по експерт
Барани квалификации:
Образование: прв циклус образовни науки во областите образование, ПОВЗ или ран детски развој, втор циклус се смета за предност
Претходно искуство: работно искуство во областа на образование, ПОВЗ од најмалку 10 година; учество во најмалку 3 проекти кои третираат образование, ПОВЗ или ран детски развој; искуство или едукација во едно или повеќе подрачја од Европската рамка за осигурување квалитет во ПОВЗ (види погоре). Се поттикнуваат да се пријават експерти од сите засегнати страни, меѓу другите и од граѓанскиот сектор.

Позиција 3 - Експерт евалуатор за пилотирање на Македонската рамка за осигурување квалитет во ПОВЗ, 4 лица
Главни задачи:
- да се процени применливоста на Македонската рамка за осигурување квалитет во ПОВЗ во установите, центрите и неформалните програми/проекти за образование и воспитание, згрижување и/или ран детски развој
- да се пилотира Македонската рамка за осигурување квалитет во ПОВЗ за утврдување на состојбите во Република Македонија
- да се пилотира Македонската рамка за осигурување квалитет во ПОВЗ за утврдување на квалитетот на услугите во установите, центрите и неформалните програми/проекти за образование и воспитание, згрижување и/или ран детски развој .
Место на спроведување на активностите: Скопје, 2 града во внатрешноста на Републиката
Временска рамка: 1 мај – 15 јуни 2018
Работни денови: 6 по експерт
Барани квалификации:
Образование: прв циклус образовни науки во областите образование, ПОВЗ или ран детски развој, втор циклус се смета за предност
Претходно искуство: работно искуство во областа на образование, ПОВЗ од најмалку 10 година; учество во најмалку 3 проекти кои третираат образование, ПОВЗ или ран детски развој; искуство или едукација во едно или повеќе подрачја од Европската рамка за осигурување квалитет во ПОВЗ (види погоре). Се поттикнуваат да се пријават експерти од сите засегнати страни, меѓу другите и од граѓанскиот сектор.

Позиција 4 – Експерт фасилитатор за регионални презентации на Македонската рамка за осигурување квалитет во ПОВЗ – 1 лице
Главни задачи:
- да се подготват потребни материјали за презентација на Македонската рамка за осигурување квалитет во ПОВЗ пред засегнатите страни и пошироката јавност
- да е подготват и спроведат 8 регионални презентации на Македонската рамка за осигурување квалитет во ПОВЗ во 8 региони во Република Македонија
Место на спроведување на активностите: 8 регионални центри (според класификацијата НУТС)
Временска рамка: 1 август – 31 октомври 2018
Работни денови: 8
Барани квалификации:
Образование: најмалку втор циклус образовни науки во областа на ПОВЗ или ран детски развој, докторат се смета за предност
Претходно искуство: учество во најмалку 5 и раководење со најмалку 3 проекти кои третираат ПОВЗ или ран детски развој и вклучуваат настани, предавања или презентации; искуство во фасилитирање настани, презентации или обука.

Позиција 5 – Експерт обучувач за одржување на обука за имплементирање на Македонската рамка за осигурување квалитет во ПОВЗ – 1 позиција
Главни задачи:
- да се подготват материјали за обука на засегнати страни за имплементација на Македонската рамка за осигурување квалитет во ПОВЗ
- планирање и спроведување на 2 тридневни обуки за претставници на засегнатите страни (установи за ПОВЗ, МТСП, инспекторат, општини, граѓански сектор) за стекнување компетенции за примена и понатамошно развивање на Македонската рамка за осигурување квалитет во ПОВЗ.
Место на спроведување на активностите: Република Македонија,
Временска рамка: 1 октомври – 15 декември 2018
Работни денови: 6
Барани квалификации:
Образование: најмалку втор циклус образовни науки во областа на ПОВЗ или ран детски развој, докторат се смета за предност
Претходно искуство: учество во најмалку 5 и раководење со најмалку 3 проекти кои третираат ПОВЗ или ран детски развој; искуство во спроведување обука или едукација (10 години или 100 денови обука).

Позиција 6 – Експерт за компонентата комуникации и информирање (на македонски и англиски јазик) – 1 позиција
Главни задачи:
- осмислување на активности и материјали наменети за правилно информирање на јавноста и обезбедување на видливост на проектот и донаторот
- изработка на План за комуникации и информирање (Communication and visibility plan)
- изработка на идејно решение за веб поддомејн и поддршка на проектниот асистент за обезбедување на достапност на информации на истиот
- комуникација со медиумите околу проектни прашања и подготвување на изјави за печат и обезбедување медиумска покриеност на настаните
- обезбедување на видливост и правилно информирање за презентацијата на проектот, регионалните информативни настани, обуки и завршна конференција
- подготвување на материјали за електронскиот информатор.

Место на спроведување на активностите: Скопје, различни локации на проектните настани
Временска рамка: 31 јануари 2018 – 18 февруари 2019
Работни денови: 20
Барани квалификации:
Образование: прв циклус образовни, културни или комуникациски науки, втор циклус се смета за предност
Претходно искуство: учество во најмалку 5 проекти кои третираат образование, медиуми, култура, ПОВЗ или ран детски развој; искуство во комуникација со и информирање на медиуми; искуство во сценски настапи, презентации, радио/телевизиски емисии, владеење на англискиот јазик.
Критериуми за оценување на кандидатите:
Кандидатите ќе се оценуваат врз основа на исполнување на бараните критериуми, при што техничките критериуми на апликацијата ќе сочинуваат 80% а финансиските критериуми 20% од конечната оценка.

Овој оглас е отворен само за државјани на Р. Македонија. Ги покануваме заинтересираните кандидати за сите позиции на следнава адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. да достават изјава за интерес за определена позиција, со посочување на очекуваниот хонорар и ажурирана професионална биографија. Кандидатите можат да се пријават на една или повеќе позиции за кои ги исполнуваат условите.
Крајниот рок за доставување на апликациите за Позиција 1 и 6 е 30.01.2018 до 12 часот а за Позиција 2, 3,4 и 5 е 20.02.2018 до 12 часот.

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Надеж EU DIC Биро за развој на образованието