Оглас за ангажирање на експерт за Проектот „Инклузивни партнерства во заедниците“

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ - Македонија почнува со спроведување на проектот „Инклузивни партнерства во заедниците“, кој е финансиран од Европската Комисија, преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР) 2016-2017 - Поддршка за граѓанското општество преку национални програми за поддршка ( European Instrument for Democracy and Human Rights (EIDHR)2016-2017 Supporting a civil society through Country-Based Support Schemes (CBSS)), а го спроведува Фондацијата Чекор по чекор Македонија во соработка со Здружението на студенти и младинци со хендикеп, Скопје.

Главна цел на проектот е да развие и пилотира ефективен и инклузивен модел за подобрување на административните и стручни капацитети на засегнатите страни на локално и национално ниво заради овозможување на социјална и економска инклузија на лицата со попреченост преку достапни локални услуги дизајнирани по мерка на лицата со попреченост поголеми можности за инклузија на лицата со преки во развојот во процесите на образование и вработување. Специфичните цели на проектот се:
-Подобар пристап на лицата со пречки до услуги и вклученост во животот во заедницата преку: подобрување на капацитетите на локалните власти и граѓанскиот сектор за колаборативно обезбедување на податоци за состојбата на лицата со попреченост и нивните семејства; зајакнување на локалните установи (училишта, центри за социјална работа и центри за вработување) со цел обезбедување на инклузивен пристап кон образовни и други услуги во заедницата; и оснажување на граѓанските организации кои ги застапуваат правата на лицата со попреченост за учество во локалните процеси на донесување одлуки.
-Засилување на образовната и работната инклузија на младите со попреченост преку ангажирање и зајакнување на капацитетите на младите за застапување, и лобирање и подигање на свеста за инклузија на млади кои се во и вон од образовниот процес, во програми за образование и стекнување на вештини за вработување.

За цели на проектот, Фондацијата ангажира експерт од областа на инклузивни политики и практики за позицијата Експерт за развивање на Модел на Општини по мерка на лицата со попреченост.

Главни задачи на Експертот се:
дефинирање на карактеристиките и елементите на Модел на Општина по мерка на лицата со попреченост
анализирање на степенот до кој општините во државата се способни да излезат во пресрет на посебните потреби на лицата со попреченост
подготвување на инструмент за само-проценка и проценка на подготвеноста на општината и нејзините служби за: собирање на релевантни податоци за лицата со попреченост, за спроведување на проценка на физичката достапност ма локалните установи и служби, спроведување на самопроценка на културата во средината, локалните политики и достапните услуги
давање насоки за користење на инструментот заради идентификување на постојните бариери за позасилена инклузија и дефинирање на приоритетите за акција и обезбедување поддршка, вклучување финансиска, преку давање препораки за развивање на постапки за буџетирање сензитивно кон потребите на лицата со попреченост на локално и национално ниво
дефинирање препораки за примена на Моделот при подготвување на Локални акциски планови за инклузија.

Место на спроведување на задачата: Скопје
Временска рамка: 14 мај – 30 јуни 2018
Работни денови: 10
Барани квалификации:
Образование: прв циклус политички, образовни или дефектолошки науки
Претходно искуство:
учество во најмалку 5 проекти кои третираат прашања за поддршка на инклузијата на вулнерабилни групи во општествените текови
учество во најмалку 3 проекти кои ја подобруваат инклузијата на лицата со попреченост во образованието и/или пазарот на труд
авторство/коавторство на намајку 3 студии/истражувања кои третираат политики и/или практики за инклузијата на лицата со попреченост во образованието и/или пазарот на труд.
Вештини:
Владеење на англискиот јазик на ниво на пишување извештаи
Познавање на комуникациски вештини
Докажана соработка со установи и институции надлежни за образование и/или вработување.

Кандидатите ќе се оценуваат врз основа на исполнување на бараните критериуми, при што висината на хонорарот е определена од страна Фондацијата според тежинското ниво на ангажманот и бараните квалификации/компетенции.
Овој оглас е отворен само за државјани на Р. Македонија. Ги покануваме заинтересираните кандидати на следнава адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. да достават изјава за интерес и ажурирана професионална биографија. Крајниот рок за доставување на апликациите е 09.05.2018 до 16 часот.

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Save the children EU DIC Биро за развој на образованието