ПРОЕКТЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ И СВЕСТА ЗА ДЕМОКРАТИЈА КАЈ РОМИТЕ ПРЕКУ ОБРАЗОВАНИЕ
 
 
 
 
 
 

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ во соработка со невладините организации Надеж и Дендо Вас го спроведува Проектот „Зајакнување на капацитетите и свеста за демократија кај Ромите преку образование“ (РЕАДЕ). Проектот е финансиран од Европската Унија и Програмата за поддршка на родители на Фондациите отворено општество. Проектот има за цел подобрување на состојбата на Ромите, која често се карактеризира со несоодветни образовни постигања, недостаток на знаења и вештини неопходни за вработување и подобрување на квалитетот на животот во домот и заедницата и на финансиската состојба, што претставува пречка за посеопфатно искористување на можности за образование, вработување и учество во демократските процеси на донесување одлуки на локално и национално ниво.

Официјалното отворање се одржа во просториите на Центарот за социјални иницијативи Надеж во Шуто Оризари, во присуство на претставници на Делегацијата на Европската Унија, министерствата за образование и наука и за труд и социјална политика, училиштата, градинките, домашни и меѓународни организации, корисниците на проектот и локалната заедница.

Проектот содржи активности за подобрување на предзнаењата и подготвеноста на децата на предучилишна возраст, подобрување на учењето и постигањата на децата кои посетуваат основно училиште, степенот на писменост кај жените и за подобрување на родителските вештини и информираност на ромските семејства. РЕАДЕ водено ќе промовира демократско учество во процесите кои се одвиваат во заедницата и ќе придонесе за градење на капацитетите и вклученоста на ромските НВОа за работа на прашања поврзани со дискриминација и квалитетот на услугите за жени и деца.

Проектот ќе се спроведува до август 2017 година, и ќе обезбеди директна поддршка на децата и жените Роми од Шуто Оризари и Ѓорче Петров во Скопје, конкретно 120 деца на предучилишна возраст, 210 деца кои посетуваат основно образование во локалните училишта и 500 мајки и жени со пониски нивоа на писменост или образование.

Надеж Dendo